1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Невработеноста во Македонија

Дискусија во 'Барање работа' започната од RainBow, 21 мај 2010.

  1. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    20.736
    Сум работела и за 4.500 како волонтер, и за 6000 плата, која не беше редовна и доцнеше, сум работела и за 10000 но сум работела и за добра плата....
    Сум работела и по струката, но сум работела и без допирна точка со струката. НО сум работела.
    Во даден момент, од што да правам нешто, да не седам дома, во друг момент да печам занает, во трет на добра позиција, во четврт да прехранам фамилија.
    работев и работам
    Работејќи ја работата пред оваа, се чуствував исто како невработена. Работев нешто сосема трето.Јас одев на работа, ама очајно барав друга. Не беше лесно воопшто. И сега не викам дека е лесно да најдеш работа. бев прав манијак за сите можни огласи. Имам зборувано и во други теми. Дипломи од 6 степен од англиски и дипломи за основно познавање на италијански и грчки. Дипломи за компјутери. Сертификати од различни области, а некако поврзани со моето високо образование, младински размени и летни школи....И работа по струка немаше,.....
    И знаете што било пресудно за мојава нова работа? Покрај тоа што уредно си аплицирав на огласот, бев на интервју? Ми се јавија да ми кажат дека сум им оставила убав впечаток на интервјуто, во апликацијата сум имала наведено разнолики работни задачи кои сум ги работела,што значи сум прилагодлива и можам да одговорам на нови предизвици, на мои 30 години, имам искуство од 7 години.....и не сум се обидела да фаќам врски.
    Во моментов работам на раководна позиција по струката, со дополнителни разноврсни обврски, во приватна фирма, за за мене задоволителна плата.
    Не се откажувајте. Навистина не е лесно.
    Не да попувам...далеку од тоа. Затоа што пак од друга страна ништо не е сигурно. Сум на неопределено, но за година две можат да се сменат воопшто условите во индустријата каде работам.... и пак да сум без работа...или на сосема друга работа- неспоива со струката.Ама немам избор. Имам фамилија и ќе работам. За себе и за нив.
    Среќно на сите
     
    На creshicka, Daydream, Ethrnity и 6 други им се допаѓа ова.
  2. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    20.825
    Верувам дека секој сака да работи по струка,да се усовршува,да не му биде џабе дипломата,да зема плата 30000 и сл,ама за жал тоа се поретко се случува.За приватните фирми ти се потребни врски,за државните потребна е партиска книшка,тоа е факт и сега каде ние да бараме работа.И јас имам завршено факултет,и јас имам свои квалитети,и јас поминувам околу 2 часа пребарувајќи огласи за било каква работа,и јас на ден праќам по најмалку 5 апликации за работа(секако не се сите по струка) и што се случува?Од толку аплицирани места,никој и од никаде да не ми се јави да ме повика барем на интервју,да ме извести барем дека е завршен огласот и дека друг е примен,дури ни во бутик да не ме викнат да работам.Епа да,стварно е жална ситуацијата во нашата државичка.И да,точно е дека работа има,ама за да работиш било каде ти требаат врски или огромна среќа.Тоа ни е
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Не работи секој. Баш на оваа тема вчера дискутирав со еден пријател.
    Тој вели јас завршив факултет за да работам овдека за бедна плата. Ги дадов сите пари за учење 24 часа полнев туѓи џебови и добив факултетско знаење за џабе. Го прашав зошто и само продолжува.
    Кога завршив пробав да најдам работа по моја струка, така наивен и радосен, сум земал диплома во раце се надевав на канцеларија,чисти раце и клима, соновите ми се урнаа кога бев интервју ме прашаа "дечко ти за која партија си определен,мора да си партиски определен за да те примиме",а јас ниту сакам да сум партиски определен нити ништо. Го напуштив интервјуто и побарав работа по магациниве, кафичиве и слично. Ме примија на едно место, за да работам 8 часа дневно во две смени кои тие ми ја одредуваат, а јас сум зел диплома и сега сфаќам дека дипломата не е вредна, само парче хартија, за нив е вредно да си партиски определен.

    Кој идиотизам, да немаш право да бараш работа на солидно место по струката, сме завршиле факултет бе, затоа и даваме пари и рмбаме по 24часа над книгата. Не рмбаме за да продаваме пиперки и краставици на пазар.

    Имам пријател со средно образование, работи во фабрика за производство на хартија, и само ми вели "бубо џабе ти е факултет, ја со средно имам плата 30.000 денари и 8 часовно работно време,ниеднаш не сум се пожалил, ни купија и телефони, ни дадоа коли...што ќе посакам повеќе".

    Докторите дипломираните собираат ѓубре. И не вреди да се седи тука и да се работи. Мислам поради ваквите причини младината е невработена и ја напуштаат земјата.
     
    На bubamara12345, makedonkamak и Silver.E им се допаѓа ова.
  4. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Дали вреди факултетот како инвестиција ?

    Да сме реални, факултетот е прескапа инвестиција, ако скроз сите трошоци ги собереме (плус тие кои одат во друг град, трошоци за превоз, кирија, итн.)

    Дали инвестицијата некогаш ќе ја вратиме ?
    Мислам дека повеќето нема да ја вратат.

    Со плати со кои само живуркаш
    (од 1ви до 30ти), ако купиш патики, другиот месец чекаш да си купиш палто, третиот фустан и така заредом (а, не дај боже да имаш за одмор, реновирање дома, половна кола и сл.),
    дали некогаш инвестицијата ќе биде вратена и исплатена назад?
     
    На kikav, bubamara12345, Ashling и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Значи, заклучивме, ако некој работи во бутик он самиот не се вреднува себеси и не се цени, има 0 самодоверба и себеси се смета за неинтелигентно суштество, кои не е вредно да направи нешто во животот па затоа си се задоволува со што било, а тоа исто така значи и дека дипломата му е земена со препишување и врски.

    Еве ова ме иритира. Баш ова. Зошто мислиш дека некој себеси би се вреднувал повеќе или помалку? Зошто мислиш дека ако некој мора да работи "што годе" дека помалку се вреднува себеси или пак дека факултетот му е завршен со препишување? Абе од каде овие заклучоци ги носите јас не знам. Знаеш ли колку девојки познавам со завршен факултет и тоа со многу висок просек, со кој верувам дека многу малку можат да се пофалат, кои работат по продавници, по бутици, келнерки итн.? Мислиш дека они не се вреднуваат себеси? Не знаат колку можат и вредат, ти или јас треба да им кажеме? Многу нереално гледате на работите и премногу осудувате. Си имате некоја слика направено за себеси и само тоа вашето е правилно. А ти беше таа што на претходната страница си кажа дека работата до толку не ти е се' уште потребна зашто брат ти ти праќа парички и си имаш и повеќе од доволно. Така беше? Епа зошто не бидеш реална и да кажеш, дека си имаш засега доволно финансии и затоа не сакаш да работиш "што годе" (што би било сосема во ред, парите си се твои и можеш што сакаш да си правиш), а не тука да ми филозофирате дека вие се вреднувате себеси, дека вие сте учеле и сте вложиле труд во себе, дека знаете колку заслужувате, дека вие не би работеле ништо надвор од струка или како што една друга се истрча и си кажа дека тие работи биле за затупување и уназадување.

    Јас знам дека работа тешко се наоѓа, јасно дека треба време и дека тешко се наоѓа работа според струка ама вие ова овде што го изнапишавте излезе дека само вие сте вредни и само вие сте учеле, никој друг не учел и сите со препишување ги земале дипломите. Повеќе од очигледно е дека не сте почувствувале како е навистина да се нема пари и да мораш да работиш "што годе". Тоа што ти си имаш одредени финансиски средства од некаде си е сосема во ред, и убаво за тебе, не се мешам. Ама не си реална. Можеме се да збориме и да филозофираме кога сме во поудобна состојба. Кога ќе немаш ни за основни потреби (не ти посакувам никогаш) тогаш и тие 10 000 од некоја продавница ќе ти бидат многу и ќе бидеш презадоволна.
     
    На Nati.P му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.076
    Допаѓања:
    11.219
    Убаво е да се трудите, да купувате знаење, ама тоа никој не го вреднува. Се сметам за исклучително вреден работник, доцнење нема, комуникативна, не одбивам работни задачи. Да ме затрупаат во обврски нема да се жалам, ама што добивам јас од тоа како вреден работник? Добивам плата која е пола од просечната во Македонија, а во последно време и зајадливи коментари на моја сметка од претпоставената “Што ти не одмараш на море, нема да одиш?“, “Имаш покачување, поднови се ако..“. “Многу си тврдоглава“ за најмала грешка. Утре да дадам отказ нема никогаш да најде работник како мене. Ама проценила дека немам алтернатива, немам врски за во администрација и ќе лечи фрустрации на мене повремено. Кога ќе видам какви неспособни работат во институции...Makedonkamak штом си од западна Македонија, сигурно си сведок како Албанките се шетаат по бутици, дотерани,скоцкани, само нешто купуваат. Мизерија сме и не сте свесни колку. А јас кога одам да купувам ќе гледам по можност да е поефтино, од оваа плата 2 парчињ гардероба, од следната пак еншто ситно, а тие со полни кеси од се што најскапо и најмодерно. Ама тие се на убави работни места,го цицаат буџетот кој ние го полниме, чуваат по 4 деца и нивните деца ги тепаат нашите деца. Лесно им е нив. Оваа Македонија не е таа што ја паметам од моето детство.
     
    На Valerin, makedonkamak, SparkyAngel и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Daydream, извини, ама мислам дека потполно си ја утнала поентата на оние што немаат работа и го ценат своето знаење. Не е работата со диплома да работиш било што, не дека не можеш, можеш, но тоа не е исправно и нормално дека ќе те иритира и ќе се каеш за изгубеното време и пари. Никој тука не потценува или осудува никого што со диплома работи во бутик, туку вели дека е жално и трагично што луѓе со диплома не можат да најдат соодветна и праведно платена работа, не мора истата да е по струка ама нека е со ВСС и во сродна област. Ти сега ги изнавреѓа оние што сакаат работа која ќе им биде платена и барем малку вратено за вложеното во нивното образование.

    Никој не би одбил и работа за која се бара ссс, ама на пример да е како сега актуелниов оглас во државна видеолотарија, каде еден секретар би земал плата од околу 29 илјади, благајник 30 илјади итн.. а за со високо образование дури 41 илјада. Ама за сите се бара по еден извршител и однапред знаеме дека тие или веќе работат или ќе се изберат по партиски список.
    И после како да не ти е криво, некој што вчера дипломирал и има партиска книшка а притоа е близок со некој од раководните функционери, да ја добие веднаш работата и да зема 40 илјади плата а ти со диплома со која со години чекаш вработување, да работиш во бутик за 8 илјади и да се тешиш со тоа дека морало нешто да се работи, дека не требало да се пребира.
    Е не треба, ама и не треба цел живот да се мизерува. Се додека си молчиме и се задоволуваме со трошки, некој помалку вреден го собира најубавиот плод. И додека ние кукавички си трпиме постојат држави каде што невработените се креваат на протести, пример со Босна.
    Нормално дека повеќето протести се политички исценирани, ама барем имаат јасна цел.
    Ова кај нас е претерано што се прави, волку вработувања како што се прават пред избори, немало за цел мандат. А пак оние долгорочно невработените и невработени од семејства каде што нема ниеден вработен, се сеуште невработени (многу успешна мерка-вработување преку Македонски шуми |( )
    Некој овде лаже, нешто одамна е труло, смрди, велат се намалила вработеноста а молчат за трикот со кој се прави истото, ама народот не е глупав, можеби не се сите со дипломи, ама не се слепи.
     
    На makedonkamak, bubamara12345 и Silver.E им се допаѓа ова.
  8. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Да не трошиме залудно нерви на дискутирање, не се криви работодавците.
    Државата не има заглавено во давачки и давачки.
    Имам кажано на друга тема, колку претпријатијата се заглавени во долгови, токму од страната на државата.
    И не можам,а да не смешам политика, зошто све ова што стоиме со главите в торба, ни е од политика.
    Доколку државата парите ги пренасочеше парите од спомениците, сплавовите и врбите на Вардар, во претпријатијата, односно им ги намалеше трошковите и самите претпријатија ќе работеа подобро,а со тоа и ќе им требаа нормално повеќе работници.
    Ни ги фрлија дипломите од факултет во вода, сега кој ќе си ја најде, ќе се снајде.
    Утре, други ден сите ќе завршат електро, а дома машина за перење да ми се расипи, ќе нема кој да ми ја поправи.
    Грешна политика направија со обазовниов систем,затоа сме сега со прстот во уста и мизеруваме за минимална плата, зошто нема кој да ги работи основните работи.
    Зошто во денешно време срамота било без факултетска диплома.
    Све некој обуки, некои семинари што од џеб треба да ги платиме, за да ги увериме дека имаме некакво знаење, а не дека претходно професори не газеле под нозе и си преполагал по сто пати предмет што го сонуваш цел материјал.

    Еве од најнови актуелни огласи до кое ниво ни се вредна факултетската диплома:

    -Доктор по фармација 15 000 денари плата
    -Сметководител 8 050 денари плата, значи минимална
    -Архитект 10 800 денари плата (а, тие месечно можеби и повеќе трошеле на материјали во текот на студирањето)
    -Градежен инженер 8 050 денари плата, повторно минимална
    -Инженер геолог 15 000 денари плата
    -Информатичар 8 050 денари плата
    -Доктор по медицина 15 000 денари плата
    -Проектен менаџер 10 910 денари плата
    -Професор по англиски јазик 10 800 денари плата
    -Правник 8 050 денари плата
    -Ревизор 10 000 денари плата
    -Стоматолог 10 000 денари плата
    -Финансиски советник 11 000 денари плата


    Гомна да бевме, повредни ќе бевме.
    Нека ни е наздравје, за неколку години овие плати ќе ги преполоват.
     
    На De-lovely, Divinebutterfly, makedonkamak и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Сите овие што си ги пишала, а ги гледаме по огласите се минимални плати, на кои што работодавецот ти плаќа придонеси. Нормално дека нема да те пријави со реална плата, кога може со пониска. Ќе ти плати придонеси на 10 000 денари, тие ќе ти ги пушти на сметка, ама во пликот ќе ти додаде плус (на кои нормално не ти плаќа придонеси и ги земаш на црно, или пак ако треба да земеш помала плата ќе ти рече - толку да ми вратиш). Секаде е вака, ако има исклучоци браво за нив.
     
  10. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    И што?
    Ако сакаш и 60 000 денари земај, кога си осигуран како минималец, минималец и ќе останиш.
    Што ти беше поентава?
    Демек, сепак се работи за повеќе пари, ама осигуруваат по минимална стапка?
    Нормално е?
    Секој сака пониски придонеси да плаќа зошто му е скапо.
    Ама исто така има полно лица што се пишат дека се со посебни потреби, само за работодавецот да биде ослободен од плаќање данок.
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Е да извиниш, ама тоа што си го пишала не е нормално, и не е нормално некој да се фали дека економијата е во пораст, невработеноста се намалува, просечна плата била 21 илјада, дрн дрн...а да дозволува работодавачот така да манипулира со вработените. Тоа значи дека службите во државата не си ја вршат работата, зборувам за инспекција на трудот (а и сите останати)
    Сигурно на оние што шијат работодавачот им дава 8 илјади а во коверт им дава уште 13 илјади, за да имаат просечна нето плата |( . Јас би рекла дека е спротивното, луѓето работат и прекувремено и многу повеќе, што сумата од 8 илјади е смешна. А за бонус во коверт, тоа може да биде само отказно писмо спакувано во коверт.
     
    На SparkyAngel, makedonkamak, Edie.S и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Зошто прашуваш која ми е поентата кога еве одлично си разбрала што сакам да кажам?

    Точно, не е нормално, ама стана секојдневие, кај и да се свртиш вака ги пријавуваат работниците. И реков нормално затоа што работодавецот нема да ти плаќа повисоки придонеси ако е во можност да ти плати пониски. Ме разбираш зошто го употребив тоа „нормално“?

    Ќе ти дадам пример за конфекциите во помалите градови. Одат инспектори, ама знаеш каде? Во канцеларија, по некоја кошула или друго парче. Со други зборови, мито.

    Еве уште еден пример - мајка ми. На сметка зема 10 800 денари, а во плик уште плус 5000-6000 денари. И сите други вработени таму.
    Ама реков, има и такви кои на сметка ќе земат основна плата, ама од таа одреден дел ќе треба да вратат на работодавецот, од проста причина што не смее да им пушти помала плата од основната.
     
  13. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Зошто не сфатив во кој контекст ми го кажуваш тоа.
    Дали сметаш дека во ред е некој да биде на пониска плата осигуран, иако ќе добива повисока плата или не?
     
  14. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    DAYDREAM тоа чудо е како си ми ги испревртила зборовите и тотално си ја утнала поентата на она кое сакав да го кажам. Си ги искористила зборовите во твој контекст, кој тебе ти одговара, а јас НЕ мислев така. :swear:
    ABEJA, ти благодарам место мене, ја објасна целата поента. ;)

    *************************************************************************

    Поради таквите ставови, абе молчи си, работај, колку-толку, 8000 - 8000, ам ич?....Ние си молчиме, си трпиме, и некој не стрижи како овци и ќе не стрижи. :!:

    Самите ние како работници велиме, немаме друг избор, па нашето молчење и искористување не доведува до ова дереџе. Да мизеруваме со мизерни плати и со крш услови. :^)

    *************************************************************************

    А, не се сите мрзливи и готовани што сакаат подобри услови и подобра плата. Ако не знаете голем дел од нив веќе си заминаа од Македонија. ;)
     
    На Divinebutterfly, makedonkamak и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  15. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.784
    Допаѓања:
    131.321
    Почнавме да мешаме две различни прашања.

    Едното е дали може да се најде работа во Македонија и тука мислењата се поделени.

    Другото прашање се условите на работа - плата, однос на газдите и слично. Тука верувам дека сите би се согласиле дека платите се мизерни, а односот никаков во поголемиот дел од македонските фирми, иако има и исклучоци кои се за пофалба, ама за жал се уште се само исклучоци.

    На краот на денот небитно е дали некој „се мачел“ да заврши факултет или завршил средно, со плата од 8000 денари човек не може ни да помисли да издржува семејство. Животот е скап, трошоците се големи. Дури и со две просечни плати не е лесно да истераш од први до први, а не па со две плати од 8000 денари. Или не дај боже една.

    Додека мерки за вработување има - самовработување, субвенционирање на фирми кои ќе вработат маргинализирани групи (тука се и младите), прашањето е дали тоа што се прави е доволно и дали тоа се навистина вистинските мерки.

    Мене лично ми пречи тоа што се величаат криминалци како Субрата Рој, а на нашите фирми кои едвај опстојуваат им пуштаат инспекција секој втор ден и ги затвараат, некои привремено, но некои после тоа никогаш нема да можат да застанат на нозе. И ете ти барем уште еден неработен плус.
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Затоа што велиш:
    Не реков дека е нормална таа плата, „нормално“ го употребив во сосема друг контекст, ама очигледно не го разбравте.
    Од друга страна, си се запрашала колку реално вреди денешнава диплома? Ама не во плата, туку во знаење. Мислиш дека знаењето што го добиваме денес е исто како тоа порано, кога било стварно голем успех да завршиш факултет?
    Ова е мое мислење, не реков дека мора да го прифатиш и дека е точно, ама те молам, не ми наметнувај твое/туѓо мислење, не ме убедувај дека е црно-бело, затоа што не е. Има нијанси, знаеш?
     
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.559
    Пол:
    Женски
    Невработеноста кај нас е на многу високо ниво, за жал. Лошо е што овде се ценат врските и партиската книшка. Ретки се оние што успеале да се вработат без нив.
     
    На makedonkamak, kikav и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  18. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Научи прво точка и запирка каде се става, па пиши, вака ми го зашемети умов, не можам да читам. |(
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Mило девојче.
    Кажа и членка поназад, откако ќе завршиш факултет, со работата, пошто нели е високо образование треба да си ги повратиш парите што ги вложиле твоите дома или евентуално ти секое лето си киснела по кафичи за да заработиш некој денар.
    Тоа како прво е пропуштено време, како второ нерви.
    Се плаќаат енормни суми во образованието, од дома моите лебот од уста го ваѓале за да студирам јас.
    За да земам да работам, а да немам пари основните трошкови да си ги покријам со 8-10 000 денари плата, а не нешто повеќе.
    Големи се сумите пак ќе кажам што ги вложуваме во образование, а за повраток добиваме курац.

    И на друга тема баш со тебе дискутирав за оваа работа, ама не е во ред бе келнер со средно да зема иста плата со некој дипломиран инженер. Или во ред е?

    Какво образование сме добивале.
    Кој е крив што укинаа приемни, што проширија квоти и што го обезвреднаа средното,а на пат се и за високото образование истото да го направат?
    Кој е крив што факултет делумно се завршува со набројуванки и заокружување?
    Јас сум крива? Ти си крива?
    Не, мила моја.
    Крива е твојата партија, таа по која скокаш како прле пред магаре. Истата таа што обезвредна многу генерации.
    И мене и тебе не обезвредна. Сега моли се татко ти да е некој нарко бос за да имаш пари.

    А, за крај о, ти семоќен просветителу фала што ме просветли дека имало нијанси.
    Јас гледам две нијанси, една сива, една портокалова.
    Ама оваа твојава портокалова ми боди очи,а еден ден и тебе ќе ти ги ископа, само тогаш да не речиш дека ние ти сме криви.
     
    На Divinebutterfly, makedonkamak, tessie и 2 други им се допаѓа ова.
  20. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Тоа во коверт е само мачкање очи.Да си завидуваат вработените мегу себе.Политика на Фирмите, на газдите, кои ја најдоа слабата точка на овој народ завидливостаи истата ја искористија во своја полза.
    Плата се знае дека треба да на сметка.Утре кога некои од нас ке дочекаат пензија ќе и се смета просек од плата и тоа оној кој е во банка, а не во коверт.
    Од ковертот губи работникот, државата , а добива газдата.