Сум користела различни креми, моментално оваа Задоволна сум, може да ја купам повторно кога ќе ми се потроши. Убаво ми ги хидрира и негува рацете.
Која крема за раце е добра а да не е мрсна. Само на зима ми пукаат ама никогаш во животот вакви не ми биле рацете, посебно на прстите каде ги свиткувам, ужас. Капак и болно е. Ја купив розевата на Балеа од овде видов дека е фалена ама мене ми нема никаков ефект.
Види некоја со уреа во составот, би требало да помогне. Мислам дека кремите што немаат никаков мирис се поефикасни. Овие што мирисаат мене воопшто не ми се хидратантни.