Пилинг не уште сега. Нека помине време да не се прави баш на оштетена иритирана кожа. И ќе земеш нежен пилинг. Лупењето кога ќе се тушираш најмногу ќе излегува на бришење. Нека помине барем 1 недела потоа нежен пилинг. До тогаш само хидрирај. Освен ова од Геровитал имаше од Uriage ,Bioderma или Еуцерин овие медицинските козметики нешто за длабока хидратација. Тоа можеш навечер, што си имаш дома што користиш.
Флогоцид маст. Пред 2,3 лета не знам како изгорев а јас ептен се пазам, и тоа се осетив првиот ден кога се вратив од одморот. Челото ми беше настрадало најмногу. И оттогаш строго капи, шешири, никако без нив. Не знам што повеќе дали ме чешаше или ме болеше. Капак на се на задникот, меѓу ножјето, таму каде што не сакајќи сонцето ме фаќало а јас не сум приметила, дури дома почна болката. Наредниот ден го пратив очајно мм во аптека ама кремата е стварно добра, јас не можев да си седнам без болка. Има промени за ден, два ама се користи додека не се скрос излекува. Немој пилинг или нешто слично да правиш ако си изгорена, ќе го видиш Господ во пиџами дури тогаш
Мачкај алое вера гел, од Nature Republic e добар и маст од невен ако имаш големи изгореници, добро лекува. Јас со оваа комбинација ја смирив кожата. Туширај се со поладна вода и со масло за туширање, ќе ја омекне и хидрира кожата. Пилинг никако не се прави на оштетена кожа уште толку ќе створиш иритација. Сум добивала тешки изгореници до степен да не можам да легнам од болка, ме фаќале и трески и нагони за повраќање, затоа сериозно ги сфаќам изгорениците. Сега строго носење шешир што ми ги покрива рамената, грбот и целосно лицето зошто најмногу горам на овие делови и константно мачкање спф на секој дел од телото. Еве слики од гелот и маслото за туширање.
Фала ти на препораките и советите. Се мачкав со алое вера, подобра сум сега, престана да ме пече и боли. Пилинг немам цела недела направено и врела вода за туширање избегавам. Само уште лупењево да прекине, ама тоа поспоро иде некако. Иначе истиот проблем го имам, редовно горам на плажа дека сум бела и нема одмор кај што не сум изгорела, ама годинава мислам најмногу. А пази не се сончам ич, многу малку време поминувам на лежалка, скоро цел ден сум во вода а кога не сум, се кријам под чадори. Исто се бањам со шешир или капче, нон стоп мачкам фактор, сега дури и со маица се бањав и џабе, пак изгорев. Не знам дали има некое решение за ова, изгледа тешко. Али ајде, си се тешам дека сега барем убав тен добив.
Оваа година и ние изгоревме повеќе за разлика од претходните години и покрај мачкањето со ист фактор. Баш му коментирав на мм за ова. Јас ставав пантенол спреј и афтерсан на балеа мислам беше. Можеш и лоратадин да пиеш. Бањај се со ладна вода, пилинг немој
Здраво, дали некој од вас има искуство со aurora skincare? https://www.auroraskincare.org/prod...20250501199250064&utm_term=120250501199270064
Девојки, може да ми препорачате некој многу добар пилинг за тело што стварно вади поткожни влакна, зошто мака мачам со нив.
Која крема е за избелување на флеки?Кај мене флеката е од рицинусово масло. Знам треба со Ц витамин ама која?
Дали некоја нашла чаре за strawberry кожа/нозе? Можеби некој серум да препорачате? Го зедов од Аурора скинкер и баш ќе пишам резултати
Ексфолијација со гликолна киселина (најдобро некој тонер, па со натопени тупфери да ги поминуваш нозете) и туширање со маслени купки од типот на Биодерма. Гликолната буквално прави чуда, предобра е за вакви работи.
Ќе го потврдам коментарот над мене, гликолна киселина. И јас го користев серумот на Аурора, добар беше, сега од Revox зедов. Какви ми беа нозете, не можев ништо кратко да облечам, сега се средив.
Фала на одговорите. А дали секој ден се мачкавте со тонер/серум што содржи гликолна киселина? Некако мали се пакувањата, мислам за два дена ќе го потрошам
Не, не ставај секој ден. Еднаш до двапати неделно можеш. Инаку најисплатлива варијанта за мене е тонерот со гликолна киселина на The Ordinary, можеш да си нарачаш преку нивниот сајт, или ако те носи патот накај Србија, да си земеш од нивните дрогерии и аптеки. Мислам дека ги имаше таму.
Девојкии, препорачајте ми некој лосион за тело што мириса убаво и исто така од кое масло за тело сте задоволни?