1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нов на работното место - страшно!

Дискусија во 'На работното место' започната од babyketi, 16 февруари 2010.

  1. Monibejbi8

    Monibejbi8 Нов член

    Се зачлени на:
    3 јули 2017
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки.
    Од неодамна дипломирав, и за брзо време после тоа успеав да најдам работа. Утре ќе ми биде прв ден.
    Ме фаќа ужасна трема и сум под стрес , што и како ќе биде, како ќе се покажам во работата, дали ќе се вклопам со вработените и.т.н. Тоа што немам многу работно искуство ми е уште една причина плус.
    Ќе работам со постари луѓе од мене , а и работата ми е таква што вклучува комуникација со многу луѓе , и тоа ми е најтешко од се друго како ли ќе се опуштам бидејќи по природа сум доста срамежлива и повлечена личност, и постојано ми се врттаат некои такви мисли во глава, какви теми на муабет би имала со вработените , дали ќе ме прифатат во нивно друштво, како да им пристапам првиот ден а да оставам убав впечсток , дали ова дали она.. Ме измачуваат многу вакви работи а и општо секогаш кога сум во друштво на нови лица , што од срам понекогаш и зборовите ги мешам и зборувам нејасно.
    И мајка ми , мој демотиватор као и увјек, не поминува нешто без да ми најде некакви мани или да ме искритикува . Ми зборвеше завчера ми вели гледај да си ја зафркнала работата , ќе те отпуштат уште во првите месеци, друга работа после нема да најдеш така лесно, дрн дрн дрн..
    Не можев да ја слушам повеќе. Но нема везе како и да е, зборот ми беше девојки како сите вие а посебно оние што сте како мојон карактер,:D какви беа вашите први работни искуства, првите денови, како беше што беше??
     
    На crazylady, Arthur и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  2. Paolita

    Paolita Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2014
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    150
    Пол:
    Женски
    Вака првин со среќа нека е новото работно место. Не мисли одма лошо и негативно. Логично гледано како што може да тргне на лошо, може да тргне и на многу добро. Ова е нов почеток за тебе. И може да биде нов почеток на многу подобар живот, почеток на период исполнет со многу промени, не се плаши од промените тие може да те доведат до многу убави нешта во животот. Времето ќе си го исполниш со нови луѓе. Тие луѓе можат да те научат многу нешта, да ти дадат нов поглед на светот.Некој од тие луѓе подоцна може да ти стане најдобар пријател/пријателка, некој од нив може да ти стане сопруг, можда и иден свекор/ свекрва запознаеш преку работното место. Ќе си го збогатиш животот со нови искуства. Секако ќе има дел од ив кои и нема да бидат баш пријатни ама тие ќе ти помогнат да созрееш како личност.
    Се е минливо во животот. Опушти се, не е толку страшно. После неколку години ќе се сеќаваш на овој ден смеејќи се како си се нервирала за банални работи.
    За мајка ти која не ти пружа поддршка. Гледај она сигурно не ти мисли лошо. И ја имав период у животот кога мислев дека родителите ме демотивираат, не сакаат да успеам и сл. Ама сфатив дека тоа се нивни неуспеси, нивни стравови. Ако они не успеале мислат дека и ние не би можеле. И сакаат да не заштитат. Ама еве од мене ја имаш сета поддршка на овој свет. Можеш. И ќе успееш.Ти праќам многу позитивна енергија, секое добро и многу успех во иднина на секое животно поле.
     
    На CoCoGiiiRL, Сама Дома, Monibejbi8 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.940
    Пол:
    Машки
    Мој совет до тебе, кога ќе започнеш со работа за прво време молчи одговарај само кога ќе те прашаат, на премногу љубопитни прашања одговарај општо, или со реторички потпрашања или потврдни одговори, не заземај страна, биди во секој поглед неутрална, дај им на знаење на другите колеги дека си професионалец и дека си таму да работиш, не дозволувај да те подведат во разговор каде други колеги оговараат други колеги, набљудувај го секој колега или колешка одделно влегувај во мали разговори и пробувај да им ги откриеш омилените страни, со секој адаптирај се одделно, не привлекувај многу внимание, покажи им дека си чесна и принципиелна и ќе видиш како пополека ќе ти расте авторитетот, ако го примениш ова што ти го пишувам ќе имаш успех, секојдневно работам со луѓе и одамна веќе ја проучувам човековата психологија. :)
     
    На steela.honey, Сама Дома, deliza и 9 други им се допаѓа ова.
  4. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.947
    Пол:
    Женски
    Кој знае по кој пат го читам постов, многу убаво и паметно напишано, ќе треба на врата да го залепам постов и пред секое тргнување на работа да го прочитам
     
    На CoCoGiiiRL, Сама Дома, Forca и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.940
    Пол:
    Машки
    Благодарам.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Feminka192

    Feminka192 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    2.566
    Пол:
    Женски
    Мене пак ми е многу забавно кога сум нова некаде. Уживам да запознавам и анализирам карактери. Сум работела повеќе работи и ќе кажам најдобро е човек да се држи до самиот себе најмногу. Колегите ви се секогаш колеги но не значи дека ви се и пријатели.
    Ако нешто не ви е јасно а сте нови секогаш прашувајте. Подобро да прашате отколку да направите грешка што може да ве чини скапо.
     
    На Сама Дома и Bankarkata им се допаѓа ова.