1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нов почеток - животни одлуки

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од MissMuffin, 22 април 2012.

  1. MissMuffin

    MissMuffin Активен член

    Се зачлени на:
    22 април 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    8
    Никој не е совршен. Сите се бориме со сопствените демони, но што кога ќе го допреме дното и подолго време не можеме да се вратиме на прав пат?

    Не доаѓам од богата фамилија, татко ми беше алкохоличар но тоа не ми беше изговор да не бидам одлична ученичка и девојче за пример. Се запишав на факултет, првите 2 години бев супер, но имав голем проблем со тежината (120кг), по консултација со нутриционист ослабев повеќе од 50кг, но ја загубив контролата, станав булимична, и од тогаш почна мојот пекол.
    Булимијата ме уништи психички и физички, почнав да пушам цигари, да пијам алкохол, да експериментирам со опасни дози на седативи и иако се имав заколнато дека никогаш нема да пробам, го направив и тоа, неколку пати пробав марихуана. По тоа искуство, се повеќе ме привлекуваше идејата за други видови на дрога (фала му на Господ не пробав). Неверојатно е колку човек може да се уништи за 2 години, факултетот го занемарив, и имам многу испити до дипломирање.

    Веќе 3 месеци не повраќам и ги намалив пороците на минимум, почнав да вежбам, и иако имав неколку лоши денови, сфатив дека не е се изгубено, само треба многу работа, и желба.
    Денес донесов голема одлука, и нови цели во животот, ќе следат многу промени, но конечно сфатив која сум и која не сакам да бидам...Ќе биде тешко, нема да биде совршено, и многу работи ќе треба да се жртвуваат во име на нов, здрав и позитивен начин на живот. Колку и да звучи клише - Вртам нов лист!

    Токму поради тоа ја почнувам оваа тема како поддршка за сите кои сакаат да се променат на подобро и би сакала да прочитам за вашите искуства, совети, мотивација. Дали е можно како феникс да се да се преродиме од сопствената пепел?
     
    На Acika12, wizardess, Trnche и 5 други им се допаѓа ова.
  2. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    175
    Се се можи ако се сака! Биди упорна не се откажувај.
    Сите грешиме во животот ,важно е да знаеш како после направената грешка да се исправиш.
    Имаш надеж само немој да дозволиш нешто да те разочара и повторно да се вратиш на старата приказна.
    Од мене ја имаш целата подршка.
    Кога и да ти треба разговор пиши. :)
     
  3. Anja98

    Anja98 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Браво што си успеала да застанеш пак на нозе,сигурно не ти било лесно :) Се согласувам со изи,и од мене ја имаш целата подршка има една реченица за ситуацијава "Само упорните успеваат" со среќа се надевам ќе успееш во тоа што сакаш да го направиш :*
     
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Во животот треба да се знае дека не може секогаш човек да е на врвот, дека може да се најде и на дното. Можно е како Феникс да се преродиме од сопствената пепел.Има една многу логична изрека: Помогни си себе си, за и Бог да ти помогне.Поедноставно од ова, не може да биде.Човек може се да направи, само ако сака, а ако не сака, може милион изговори да најде.Потребно е човек да си ја почитува сопствената одлука, на тој начин има самоконтрола.Може човек да се врати на прав пат, само треба силна желба за тоа, незнам зошто да не може, ако пример за нешто цело време си вели дека нема да успее, тогаш гарантирано не успева, потсвеста е страшна работа, прави онака како што ние ќе и наредиме.И пак ќе кажам, се е во нас, нема ништо надвор од нас, затоа и можеме да ги оствариме нештата кои ги посакуваме, не дека имаме целосна контрола над текот на животот, туку дека можеме на истиот да влијаеме.
     
  5. marija-88

    marija-88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    26
    Поддршка и од мене, само напред и продолжи така. Големината на човекот е да ги признае своите грешки, да ги прифати, да научи од нив и да продолжи напред. Мотивација секогаш постои, само што после подолго време на дното не изгледа возможно дека ќе ја најдиш, тоа го сваќам бидејки моментално поминувам низ таков период. Тешко е ама визијата за твојата иднина секогаш е најголема мотивација па макар и во нашево општество. Ние сме твоја поддршка, пиши секогаш кога тоа ти треба. ;) ;)
     
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Во еден неврзан разговор со еден доктор прашувам ,,па добро кого лечиш ти,,... а тој кратко одговори ,, оној што сака да биде излечен,,.
    Значи, никогаш не е доцна кога си свесен какви грешки во животот си направил и сакаш да ги поправиш ако навистина сакаш. Едноставно карактерно ојачуваш и газиш по здрав пат. Најбитно е да од минатото извлечеш поука, ги утврдиш грешките за да повторно не се појават.
    Животот е составен од успони и падови, секој пад е нов почеток, ново знаење, ново учење.
    Ја имаш целата моја подршка да застанеш на прави нозе, ама сепак мислам дека ти треба мала помош од стручно лице (не ме сваќај погрешно). При најмалиот крах во животот ти можеш да посегнеш по минатото. Ти треба подолг период на рехабилитација (духовна мислам) за да целосно закрепнеш и да го згазиш минатото.
    Ти посакувам се најубаво.
     
    На La.Reina.Del.Sur, srcekrsacka, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Новиот почеток секогаш е тежок. Донесувањето на животни одлуки е исто така од голема важност за животот и што понатака. На чекор сум до една многу важна животна одлука и се двоумам уште околу неа.
    Секогаш ми било тешко кога морам нешто да одлучам.
    Тебе(членката што ја отворила темава) сакам да ти кажам да не се предаваш никогаш. Тоа што било поминало и остави го зад себе, сега со новиот почеток ќе бидеш нова Ти, посилна и поуспешна.
    Не се предавајте никогаш, многупати татко ми ми рекол да не се предавам зошто и на најситната пречка човек може да се предаде, а не треба. Колку луѓе се борат за живот, а ние се жалиме од други сосема малки работи споредбено со тоа.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lauri4ka

    Lauri4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    Нов почеток- тешки животни одлуки
    Би сакала со вас да споделам еден така би кажала за мене вистински проблем или можеби по би одговарала одлука, би сакла да слушнам ваше мислење што би направиле доколку се најдете во ваква ситуација како мојта.
    Вака почнува мојата приказна догам од исклучително тешка фамилија,не сум богата може да се каже ни солидно добро за жевеење.Имав премногу тешко детсво додеака моите врснаци си играа јас морам да и помагам на мајками да ја подготвиме новата кука за преселба бидејки имав ненормална баба и стринка кои не тепаа и малтретираа мене и сестрами, поради тоа бев и отврлена од околината никој не сакаше да се дружи со мене сите ме гледаа со сожалување нешто што највеке го мразев.Али тоа не ебитно на 10 год добив уште една сестричка која е се во мојот живот всушност таа е мојот живот али опет животот ни удри шлаканица се роди со даунов синдром срцеви и белодробни анмалии поселдено се некои други минимали болести, значи следи уште по тежок период каде се бориме за секоја секунда на живот на тоа мало суштество, срека наше еве сега има 10 год и сеуште е со нас иако знам дека нема да е за многу значи за многу кратко врмее го очекуваме најлошото сепак фала му на бог за секоја помината секунда со неа.на 15 год татко ми се обиде да ме убие, поради што денес јас не контактирам со него како што би требало тој за мене не е татко.И тоа помина и тоа се издржа.Пострата сестра се омажи во фамилија каде не отфрлаат нас поради помалата сестра не и даваат дури ни често да контактира со нас,надвор од државата е и многу ретко ја гледаме односно во 2 год еднш.Поради се што сум преживеала навреди малтретирања отврлање од околината и мн др работи сакав да се запишам на факултет и највеке заради стериотипните сваканња што ги имаме ние народот кон вакви невини деца како сетрами се запишав на медицина сега сум вотора год.поради одредени причини неги иполнив очекувањата на мајками кои и ги ветив дека само 10 ке има во индекс за жал не се.Сега бев принудена да се откажам од факсот што толку многу ми значи бидејки на мајками и дијагностицираа церебрален тумор.и овде почува мојот проблем.Финнсиски премногу ги заглавив моите причина за болеста на мајками Во моментот кога ми требаше највеке подршка се појави еден дето за кое знам дека веке со години е лудо по мене али за жал мене воопшто не ме привлекува.Поради лошата состојба во која се наогав дозволив да ми помогне.и едноставно немам коментар многу ми помогна поради што вечно ке му бидам благодарна али сега секој си наплака за своите дела нели, па така добив понуда од него за кога искрено незнам што да правам. Вака тој надвор од државата и сака да ме преврли д астудирам таму значи во друга држава али секако ако с еомажам со него.Имам 5 дена да одлучам што д аправам Дали да се омажам за личност кога воопшто не ме привлекува и имам совршен живот професија која толку ја сакам можност за лекување на сетрами и мајками надвор од државата или да останам тука и бидам со некој ставрно што ке го сакам кој се уште не се појавил во мојот живот и секако поради ситуацијата ке бидам принудена да го оставам факултетот или барем некоја година додека не најдам некоја соодветна работа со која би можела да се издржувам на факцот и секако моите . Што би направиле да сте на мое место ?
    однапред благодарам
     
  9. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Бог да ти е на помош. Да ти велам бегај ако тоа не е љубов-тука се мајка ти и сестра ти кои би изгубиле силна капка надеж за подобро утре. Да ти речам оди, жртвувај се можеби ќе го засакаш-се жртвуваш себе
    Како и да е, одлуката е нож со две острици, кој ти се ставил под грклан мигот кога си прифатила помош од некој кој знаеѓ кои му се предиспозициите во врска со тебе. Не знам дали до толку сте биле во неизлез, немоќ та по секоја цена баш во тој миг да се донесе таа одлука. Според мене, одлуката веќе си ја донесла и добро знаеш кога. Лично јас, не можам да те охрабрам целосно смеј се уживај да речам, ќе го засакаш, кога не ни знам за каков човек станува збор и колку добро ти го познаваш. Ако е добар и трпелив, можеби ќе го освои твоето срце. А можеби е и некој кој работи плански , без мн емоции. Сама си знаеш. Дали вреди жртвата-прецени сама. Мораш да бидеш сурова со проценката кои се реалните шанси во вашата ситоација со мајка ти и сестра ти. Жалам што морам вака да звучам. Сто пати жалам. Извагај добро на кантар, дали сите би можеле да си заминете среќни од оваа приказна, колку би било возможно, бар оној најголемиот дел со најголеми шанси да извече глава и да биде среќен.
    Поддршка од мене за било што и одлучиш. И иако можеби е малку доцна, секоја одлука и постапка има последица-било убава и добредојдена, било горка,која сами си ја сносуваме според изборот што го правиме.
    Секое добро
     
  10. Hellen

    Hellen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Lauri4ka, сметај дека покрај фактот дека не го сакаш овој човек ја имаш и опасноста да западнеш во некоја поголема невоља. Dали си се запрашала кој му е нему интересот да те префрлува да студираш во странство на негова сметка? Kолку години има тој ? Sо што се занимава таму кадешто живее ?
     
  11. Lauri4ka

    Lauri4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    NoellePage да ситуацијат беше неизбежна за да мајками ме издржи на факултет се задужила многу значи дојде време да си го плати долгот јас не можев семестар да запишам и најлошото мајками престна даги пие лекови бидејки не може да ги купи ,во рок од еден месец дожева 3 мали мозочни удари кој еден се случи во тоа време јас тоа не можев д аго поднесам и ја прифатив понудата но ми беше кажано дека ми помагаат бидејки ме сака и сака само да ме геледа срека и ништо повеке.
    Hellen го познавам веке 8 год знаев од секогаш дека ме сака ми има кажано исто и јас му има кажано дека воопшто не го сакам ни ме привлекува на тој начин.Ја познавам неговата фамилија ми изгледаат како фини луге ми имаат кажа дека тој мене ме сака и јас мора да бидам нивна снаа и дека они ме скаат за снаа инаку веке 5 год е надвор од државата пред некој месец си отвори своја фирма со камиони,со кој транспортра некој градежен матрејал жвиее со татко му кои му помага во се инаку има 25 години.
     
  12. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    леле девојче низ кој пекол си поминала, знам што значи даунов синдрим(имаме едно дете наш сосед е со таа болест роден, а и нешто слично на неа боледува и еден вујко), ама мајка му е највеке крива го затвори дома) Господ нека ти е напомош, и ти ја посакувам цела срека на светов :*
     
  13. Lauri4ka

    Lauri4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    Фала ви на сите за подршката многу ми значи во овие тешки моменти
    Инаку ние воопшто не ја затвориме сестрами дома,и покрај сите мании сепак е многу бистра и умна поради што специјалист ни препорача да ја водиме во градинка,но там не ја прифатија и бевме принудени да не ја водиме,и покрај проблеми во говорот сепак нејзината инетелгениција ги наведе докторите да не советуваат да ја пратиме на училиште со првооделенчињата али и таму вратите ни ги затворија и не само вработените него и родителите на останатите деца никој не сакше нивното дете да уче ви исто училиште со сетрами.Секогаш си ја шетам иако сите ја гледаат со други очи и со прст покажваат секогаш се обидувам да најдам соодветно обајснување за тоа за да таа не с езатвори и повлече во себе.Само ни остана мене и мајками да ја образуваме дома колку можеме.како и да таа е светлоста во нашите животи секогаш кога ни етешко таа ке не насмее Таа е се за мене причина поради кога сум уште тука и покрај се имам сили за да продолжам понатаму.Само едно сакам колку што можам повеке да и го развеселам животот и породолжам иако го знам дека уште малку време остана.
     
  14. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Браво! Да се успее и покрај најлоши услови е голем успех!Ме интересира само дали имаше некаква подршка?Имаше ли некој покрај тебе?
    Како и да е,ти посакувам да успееш до крај,да станеш личност каква што сакаш да бидеш.Ти се восхитувам најискрено. :)
     
  15. Lauri4ka

    Lauri4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    Феминки ве молам за уште некое ваше мислење морам да одговорам а толку многу сум збркана незнам што да правам да прифатам или нее ве молам за ваше мислење
    бчагодарам
     
  16. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.648
    ЈАс да сум на твое место би прифатила!.....Сепак твое си е! Мораш ти да одлучиш!
    Јас би се жртвувала за моите блиски, ете од мои причини, затоа и би се одлучила така!
     
  17. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    2.620
    Животот многу те измачил и многу ми е жал што толку си страдала.
    Имаш два избора, што за жал мораш да се одлучиш за еден. Дечкото што ти помогнал сигурно е многу добар и многу те сака, но многу лошо е тоа што ти дал таква еден вид уцена. За сето тоа што го направил тој за тебе ти треба сега да му вратиш со тоа што ќе се омажиш за него. Ако се омажиш со него ќе успееш во тоа што оддамна си го посакувала. Ќе го спасиш твоето семејство, ќе завршиш факултет и ќе имаш убав живот, материјално. Но што е со твојата среќа и со твојата љубов? Има можности да се заљубиш во него, во текот на животот, но можеби и нема да се случи тоа и цел живот ќе бидеш заробена во убав живот, но без љубов(од твоја страна).
    А ако останеш овде и ако се потрудиш сама да најдеш работа и да го најдеш вистинскиот што ќе го сакаш и ќе те сака, можеби нема да можеш да му помогнеш на своето семејство. А и можеби нема да се појави вистинскиот.
    Да сум јас на твое место би одлучила потешката одлука, но за своето семејство сум спремна на се. Не ја испуштај оваа прилика и дозволи му да ти помогне, па така ти ќе го спасиш своето семејство.
    Поздрав и се најдобро.
     
  18. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    Јас мислам дека треба да прифатиш. Дечкото штом е толку упорен, ти помагал доста до сега, те сака....зошто не би му дала шанса, па покрај тоа и твоите маки ќе си ги спасиш, а тоа што велиш не го сакаш ниту те привлекува, верувај ми ако ќе се смени. Имам другарка која е навистина многу убава, дечкото кој се вљуби лудо во неа нема што не направи за да ја добие и да ја направи среќна. Таа исто акко тебе, не можеше да го смисли, ни најмалку не ја привлекуваше, дебел, неубав, низок, ама ништо убаво немаше на него да кажеш дека те привлекува, НО, :!: толку работи што има направено за неа, што ја чува како капка роса на дланка, има се што ќе посака- ја направи да го засака со тек на време, се омажи за него, правеа свадба со 1200 луѓе во најлуксузниот ресторан и еве сега си имаат и синче, таа е најсреќната жена на светот, така се шувствува покрај него. Така да,еве ти давам жив пример дека љубовта не е само надворешно да го сакаш човек, убавината е минлива работа, не можеш цел живот да ја имаш истата харизма и убавина, но срцето и душата на човека не се мењаат, бар според мене :!:
    Се надевам со мојот совет ќе ја донесеш правилната одлука за остатокот од твојот живот.
    Ти посакувам среќа што и да одлчиш :*
     
  19. marija-88

    marija-88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    26
    Мое мислење-прифати ја понудата од детето. Искрено, зарем навистина мислиш дека ке можиш да најдиш таква пристојна работа, па да можиш и да ги издржуваш твоите, и да плаќаш факс ??? Немаш факултетска диплома, а и да имаш гледаш каква е ситуацијата овде, луѓето се задоволни ако земаат 10.000 а тебе да не претерам ама ќе ти требаат најмалку 15-20.000 за да можиш да го поминиш месецот.
    Колку и да си оптимист, реалност е дека ситуацијата е многу сложена.
    А ТОЈ вистинскиот можиш и цел живот да го чекаш а можи никогаш да не се појави.
    Јас би ти рекла вака, ако си сигурна дека тој можи да ти помогни прифати ја понудата. Спомна студирање таму-направи го тоа, заврши факултет таму, најди пристојна работа таму па од ко ќе се средиш ти можиш и да се разведиш од него барем во денешно време разводот не е некое чудо, а можеби и ќе се заљубиш во него незнајш шо ти носи животот.
    Во секој случај ти си жртвата, дали тука ќе се мачиш сама и ќе рмбаш за едвај да врзиш крај со крај или ќе дозволиш некој да ти помогни твој избор.
    Мој совет секако си жртва, гледај си за тебе колку можис полесно да поминиш.
    Ти посакувам се најдобро, размисли убаво и очекуваме убави вести наскоро, Поздрав :*
     
  20. Lauri4ka

    Lauri4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    фала ви феминки за мислењето
    Вака дојде дечкото и разговаравме али поради фактот дека воопшто не ме привлекува ми реков не оди тоа така не можам да бидам со него и покрај тоа што тој ми понуди да се вериме да отидам во странство да студирам,да се осамостојам и да се разведеме потоа ако ништо не бива од нас,али јас ни тоа не го прифатив знчи го откарав детето во п.м така кажано е денес пред да си тргне,знаејќија мојата финасиска криза ми ги помири сметките за стан и се друго тука што ми е потребно за факсот без јас да знам кога дознав пред малку многу ми е тешко и го замолив да не си заминува вечер.сега стварно не знам што правам еднш викаам едно после друго знам дека не ме првлекува и му имам кажано така барк не се оформува али сега стварно многу ми тешко падна вака не сакам воопшто да го повредам и ако тоа секако го правам ај што да праваммммммммм