1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Облека за бебе (продавници, попусти, совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од Mayyya, 12 декември 2012.

  1. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Темава ја отварам со цел да се информираме за бебешката облека, каде купувате, дали гледате тоа да биде квалитетно, брендирано што повлекува и повисоки цени, или во потрага сте по пристапни цени и квалитет.
    Јас мислам дека сепак може да се најде квалитетна облека по пристапни цени, пример во Стружанка и сличните продавници со производи од македонско потекло имаат парчиња од квалитетен памук. Претежно боди и памучни шпихозни купив од таму.
    Исто може овде да се информираме за попусти и поволности низ продавниците за бебешка облека.

    Еве јас барам шпихозни со новогодишни мотиви, доста шетав низ продавниците ама не најдов такви. Ако видел некој нека информира. :)
     
    На leo-n-tina и CudnaZena им се допаѓа ова.
  2. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Јас најдов во Зара многу слатки бодиња со божиќни мотиви, бели се скроз и напред сите имаат различно сликиче. 5 парчиња се во едно пакување и на секое боди има различна слика, едно со снешко, друго со елка, трето со снегулки, многу се слатки и мислам дека беа околу 1200 денари. Исти како бодињата има и лигавчиња со ирваси и слично.
    Исто така старосватицата ми купи од Зара црвени фротирни шпилкозни на кои пишува I love christmas, мислам дека беа околу 900 денари.
    Тоа е единствено место каде што сум видела новогодишни мотиви на облека, а за попусти мислам дека е рано,колку што знам попустите во Сити Мол ќе почнат на почеток во јануари.
     
    На Mayyya му/ѝ се допаѓа ова.
  3. CudnaZena

    CudnaZena Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    12
    Каде да најдам дуксерче за 3 месеци? :)
     
  4. katpa628

    katpa628 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    2
    Во Зара имаш многу убави дуксерчиња!
     
  5. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    ' Има скоро низ сите добро снабдени бутици за дечина.
    Во Зара во Сити имаат многу цакани миниjaтурни, доста избор имаат, исто на трети се Орчестра и они имаат добар избор, исто Винес во Рамстор, во трговски тие бутичината што се на почеток за дечина, ние често земаме од тоj прв што иде кога ке свртиш десно веднаш до продавницата за акцесоар и добри се и со цени таму, евтинки за разлика од другите бренд што се, а квалитетна роба имаат.
     
  6. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Во Зара има многу убави дебели памучни тренерчиња за 3 до 6 месеци. Горниот дел е прав дукс, дебел, со патент напред и со дизајн на колеџ јакна. Зборам за машките, за женски сигурно има повеќе избор.
    Комплетот целиот заедно е 1100 денари,не се купува распар, ама провери може има и некои единечно што се купуваат. Мене до сега Зара најмногу ме бендисала и по избор и по цени, далеку подостапно од Мадеркер, Окаиди, Енци Менци, квалитетот е супер и цените се достапни. Сигурно ако дадат попуст после Нова Година, ќе биде најисплатливо за купување, нормално ако остане нешто да се купи на крај.
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.
  7. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    225
    Во Софиленд имаат попуст, а на нивниот фб профил вчера видов дека има нова роба и тоа ептен убава. Има преубави бебешки фустанчиња и комплетчиња.
     
  8. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.049
    Веќе имам пишувано за ова, ама ај и во темата. :)
    И кога нема попусти никаде, да знаете дека во магацините на Бит пазар секогаш е далеку поефтино од бутиците.
    Јас досега се што сум купила ми е од таму. За штрумфетката, пред да се роди се од таму испазарував. Се на се потрошив 6400ден.
    Купував пелени(20тетра и 10 шведски) , мушами(3), лигавчиња(2), комплетчче за од болница, два пара шпихозни, 4 бодиња, чорапчиња(3), бањарка, ќебенце...
    И ден денес од таму пазарам.
    Иммаат преубави фустанчиња со крзнено болеро за 400-650ден, тиролчиња, тренерки.. буквално се.
     
  9. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366

    може линк те молам ?
     
  10. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    https://www.facebook.com/sofiland.mk

    Јас кога бев во ГТЦ немаше баш избор за бебиња, имаше поголемки работи, можеби во Лептокарија има поголем избор, изгледа ќе ја затвараат во ГТЦ продавницата пишуваше дуќанот се издава.
    Еве пример вакво не видов, а комплет пишува дека е 1200 ден.
    [​IMG]
    А во Зара некако на почетокот имаше поголем избор, изгледа брзо се распродаваат, ги видов комплетите со боди и шпихозните новогодишни, ама мислев да видам и на друго место дали ќе најдам.
     
  11. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Мајки, каде во Ск има санки пластични? Ама онака убави, со седалка за седење+да се врзува???
    Нешто слично на ова
    [​IMG]
     
  12. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.419
    Допаѓања:
    33.994
    Пол:
    Женски
    Јас не живеам момен. во Скопје и незнам како се цените на детските работи облека и слично
    Јас најчесто облека за малата купувам од H&M C&A и други детски бутици во кои цените се стварно поволни
    Си порачувам преки интернет неретко , гледам коа има попусти
    Пред недела дена за 1200 ден плус испораката купив 2 бодиња , долен пар тренерки , сукњиче , кардиган, и два пара чизмичиња (чизмиве не се нешто посебно едниот пар го вратив , другиве ги оставив )
    ептен евтино плус и купувам облека малце поголемка за еден број до два , што е веќе на попуст намалаена и таман дека и брзо расте таман и е за месец :D
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  13. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    156
    За санка проверете во Бриколаж , ја видов денес на флаер ама не знам колкава е , друго може да ми кажете каде можам да најдам бундичка, прочитав некоја феминка претходно пишала дека купила , инаку нек упувам многу скапо ,а што се однесува до пелените јас ги купив од стружанка ама ич не ми се свиѓа квалитетот тотален ужас , моите на времето што сум ги користела имам само2 толку мајка ми зачувала се неспоредливи
     
  14. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    сите родители сакаат баш најдобро за своите деца
    е кој колку има да им купи не е до родителите.
    и да во ск можи има повеќе избор ама во бт не и баш толку
    јас нај првиот пат се што ми требаше од пижамциња бодиња жпикозни крпи за бришење и сл дадов 6000денари
    е после видов и поефтини работи ама не се покаив. сега зимските работи му ги купивме од џамбо во јанина се поефтини и се квалитетни и пак потрошивме околу 100евра + 2000 ден за боди
    а искрено кажано јас не би дала многу пари да бебешка облека ама и немам
    да имам можи и ќе дадам
     
  15. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    cudna zena.. на битпазар накај атлантик комерц кога одиш на таа уличка имаш бутици има и кај полицијата магацини... кои продаваат на големо и мало..
    секој си има свој став и свое размислување , јас си го кажав моето мислење.
    едит: бунди има во трговски ние нашата ја купивме од еко.. мислам дека има и на битпазар
     
    На CudnaZena му/ѝ се допаѓа ова.
  16. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Знам темава е за облека за бебиња, но да си прашам јас каде да најдам кесички за да направам пакетчиња.
    Незнам дали ке ми биде поевтино да ги правам или да купам ама знам дека ке банкротирам имам миниму 12 пакетчиња да подарам значи задолжително и уште 5 незадолжително :( .
    Или ако имате некој предлог за пакетче што ви е испробано пишете ми .
    Морам со време да се спремам :) .
     
  17. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    леонтина имаш книжени кеси во сите книжари или во поголемите маркети или пак обични кесиња со дедо мраз на нив има во маркетите искрено мислам дека да купиш поефтино ке ти испадне одколку да правиш оти јас кога правам испод 500 -700 не поминувам некако се мислам малку е и ај уште ова уште она има готови направени на европа и разни фирми до кај 300 убави мислам дека ке поминиш
    сега малку оф топик ама морам
    искрено на овој скап живот 12 кесиња се многу незнам јас правамам за на јатрва ми двете само, брат ми не е женет а на други некои немам потреба да правам кесиња порано и јас се силев како тебе ама кога ке ти остане празен фриждерот ке се подразмислиш за одгодина мислам тоа е индивидуална работа и кој се осека способен слободно нека си се опушта мислам ова не се однесува стрикно на тебе само си го кажувувам мојот став за правење на кесиња задечињата за н година поздрав
     
  18. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    кесички за пакетчиња баш прееска видов имаш во веро и мн се ефтини околу 20 ден ;)
     
  19. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Оф леле не дека се силам ,ама немам што да правам па гледам некоја поефтина варијанта.
    Значи на маж ми другарите се 10 души со сите убаво си живееме а и дечиња сите имаат од по годинка некои и помалку ,знам од претходната година им купивме по една играчка на новороденчињата е сега после Нова година сите се собираме и тука има размена .
    Што да правиме глупо ми е едни да даваат а ние не ,а стварно многу ми е па незнам како да го изведам ова ,а другите две пакетчиња се на кумовите нив неможам да не им купам .
    Гледав во кам имаше дедо мразовци чоколадни киндер јајциња гумени бонбони и ред други тракатанци па треба да направам пресметка колку ке биде разликата од правени и купечки ако кратам со 1000-ка пак ке биде добро.
    Е уште од сега глава почна да ме боли за мене ,отиде мојот капут во пакетчиња. :(
     
  20. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    мислам дека не се исплака да правиш, оди до веро баш гледав имаш пакетчиња од 100 ден па натака, а и тие поефтините беа богати, имаше од штарк и од винчини , мене ме бендисаа ;)
     
    На leo-n-tina му/ѝ се допаѓа ова.