Девојки и момци, многу ми се допаѓа серијава Огледало што ја даваат на Канал 5 само за викенд моментално, неможам никаде на google да ја најдам да ја гледам, знаете ли вие случајно нешто повеќе да ме упатите?
И јас ја гледам ептен интересна ми е. А и Украинците ептен згодни некако. Обручка з рубіном знам дека е оригинал насловот ама кај ја има да ја гледам не знам... И јас барав ама ништо не најдов.
Леле фала ти многу за информацииве, ајде ако најдам некако ќе пуштам линкче. Инаку, серијава е прилично нова ама квалитетот на снимките па и не е..
zasto se raboti vo taa serija? ne sum ja gledala ako e ko tie turskite, indiskite ne me iinteresira ako e nesto krimi ili sci-fi opisetena kratko
@ludamaja10 @Dream-Girl На YouTube ги има ама без превод, ако сте за challenge да учите украински Јас пробав, некои зборови се малтене исти како нашите, се сфаќа суштината на муабетот.
Проблемот е што не се на еден channel сите туку раштркани на различни канали. Еве еден линк ќе ставам, па после наредни епизоди ќе ти излезат во recommended. Spoiler: Линк By the way, @magnolija09 еве што се работи во серијата: (копирано од Канал5) ‘Огледало’ е возбудлива играна серија која ги следи животите на Ања и Јана, две сестри чии што животи, по ненадејна сообраќајна незгода, се менуваат од корен. Девојките беа на пат кон Киев. Ања наскоро требаше да се омажи и одеше на проба за свадбата. Јана, која сонува да стане популарна телевизиска водителка, брзаше на аудиција за телевизиска емисија. Во некој дел од патот, автомобилот во којшто беа сестрите, удри во камион. И покрај сите лоши прогнози, сестрите преживеаја. Меѓутоа, во времето на сообраќајната незгода, Јана го носеше прстенот на Ања. Поради сериозните повреди, лицата на сестрите се непрепознатливи, и ниту докторите, ниту семејството не можат да ги разликуваа Јана и Ања. Прстенот со рубин, подарок на Ања од нејзиниот свршеник, ја одигрува главната улога – идентитетите на девојките се заменети. Откако се опоравува, завидливата и амбициозна Јана сфаќа дека сите околу неа мислат дека е Ања и таа решава да лаже и да го земе сето она што го има нејзината сестра – нејзиното лице, човекот што го сака, нејзиниот живот. Јана наоѓа оправдување во фактот дека Ања никогаш нема да се разбуди зашто има многу потешки повреди и се наоѓа во кома. Дури ни лекарите не веруваат дека Ања ќе се разбуди. И зошто тогаш некој би се откажал од шансата да си го промени животот? Меѓутоа, и лекарите и Јана грешат. Ања буквално се враќа од мртвите и од тој миг започнува конфронтацијата меѓу двете сестри. Ања е подготвена да си го врати сето она што било нејзино. Јана е подготвена да се бори за среќата што ја украде од нејзината сестра. Заплетот е брз и непредвидлив. Секој ден Јана ја игра улогата на милата и добродушна Ања. А Ања, за првпат во својот живот чувствува вистинска омраза и се бори да ѝ се одмазди на сестрата-предавничка. Ќе успеат ли да си ги вратат идентитетите и љубовта?
А се чудев зошто нема тема за серијава, интересна е. Инаку многу ми се допадна серијата, вообичаено не гледам на канал 5, ама серијава ми се допадна. Инаку јас на украински цела ја изгледав, ама не е тоа тоа, речиси ништо не сфатив.
Во принцип не сакам нереални теми. А нереално ми е да се променат лицата со естетска хирургија. Лимонатка ми е. Затоа и не ја следам. Сакам филмови од реалност. Затоа и турските серии не ги следам. Како ниту оваа. Во реалноста општеството е многу посурово. На пример, богат скоро и НИКОГАШ нема да земе сиромашна девојка колку и да се сакаат. Со цел во тој егоизам да се натрупа богатството и да се дополни и да се сочува. Сиромашните девојки во реалноста служат за забава, не и за брак. Браковите им се досадни, имаат љубовници но сепак за јавност се среќен пар.
I jas edinstveno ovoj go gledam. Znam deka mnogu situacii ne se realni ama interesen mi е. Inaku odese sekoja vecer. Ama pred skoro mesec go pomestija samo vo vikend.
Па сега, во споредба со други може и не се толку многу. 92 се. Ама има премногу серии, незнам како одлучиле терминот од овој филм да го препуштат на друг.
Дали некој знае кога и како ќе се дознае дека Јана и дека ги има измамено сите? Пошто нели Ања се сети на се, секако дека нема да си молчи.
Јас ја гледам. На јутуб има неколку епизоди ама никако не можам да се вклопам со тоа кај нас што го даваат а барав за да видам уште колку епизоди има да крајот. Темава не е многу активна, некој ако ја гледа и воедно ако знае нешто повеќе нека напише, многу ме интересира што ќе се случи со Јана на крајот, и дали Ања и Дениз ќе бидат заедно.