1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одмор во Тунис

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Queen-Nefertiti, 16 јули 2011.

  1. Queen-Nefertiti

    Queen-Nefertiti Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    46
    Одмор, авантура и шопинг во возбудливата африканска земја чија понуда ќе ги воодушеви и најпребирливите.

    Последниве години Тунис стана исклучително популарна медитеранска дестинација. Хотелските одмаралишта, километарските песочни плажи, интересната култура и традиција која отскокнува од нашето секојдневие како и безброј можности за активен одмор, многумина ги предизвикаа одморот да го поминат токму под туниското сонце. 8)

    Популарнaта туристичка дестинација се протега по целиот брег, почнувајќи од туристичката зона Хамамет преку Соуса, Монастир па се до островот Дјерб на југот на Тунис. Километарските песочни плажи се само еден од адутите на сега веќе масовниот туризам во Тунис. Хотелите и хотелските одмаралишта на едно место ги нудат претежно сите услуги, така што патувањето во all inclusive аранжман е повеќе од поволно.

    Посетата на градот Тунис вклучува и посета на античките наоѓалишта Картагина како и идиличното село на уметникот Сиди Боу Саид.
    За љубителите на адреналинот се препорачува сафари по Сахара во траење од 2 или 3 дена кое го открива оној вистинскиот Тунис, животот на Берберите, магијата на пустината и планинските оази пружаат можност јавање на камили и доживување на off road возење со џип.

    -Но поради немирите во Тунис се помала е заинтересираноста за одмор на ова место,туристичките агенции како да го исклучија од своите понуди :^) Дали некој планира ова лето да иде во Тунис и преку кои агенции бидејќи јас тие што ги најдов понуди се прилично прилагодни за сечиј џеб,доколку имате некои понуди слободно пишете,и дали е безбедно да се оди на одмор на ова место?Секоја информација е добредојдена ;)
     
  2. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.449
    Јас бев пред две години во Тунис, и имам само преубави спомени од таму...стварно е многу многу убаво...
    Бев во областа Сус која е најубава и водено поскапичка од останатите како што е Порт ел Кантуи да речеме...
    Кога одиш во Тунис несмееш да штедиш на хотел, затоа што кога бевме ние имаше и некои смешни понуди да ги кажам така, но хотелите беа помизерни и од хостели, нивното ниво на хотелиерство не е развиено како на пример во Турција, па тој со 5 звезди хотел во Турција би бил 3+ да речеме, додека хотели од типот на оние 5 звезди во Анталија скоро и да нема, затоа и таму е многу лесно да заглавиш во мизерен хотел, како што во чартерот во кој ние бевме едно 20 луѓе имаа уплатено во хотелот од најефтината понуда, и за назад луѓево буквално плачеа, едвај чекале да поминат деновите, храната била мизерна, послугата исто, акое доручекот до 10 да речеме, во 10.00 им ги грабале тањирите, 2 недели морале надвор да се хранат, и нормално им снемало пари....
    Затоа мноооогу да внимаваш на изборот на хотел, оние ,,дампинг,, понуди одбегнувај ги, кога веќе даваш пари, додај за да го уживаш тунис, а не да сакаш да избегаш од таму...
    Исто бакшишот е задолжителен,на нас ни одеа по 10 евра на ден за бакшиш, немаш избор, оди по тебе, сите чудно те гледаат мора да дадеш...
    Водата е 1.5е за 1 литар, а жештина неподнослива, така да и за вода нема да бидеш под 7-8 евра, во хотелите е и поскапа и не дозволуваат да внесеш од надвор...
    На плажите пази се од оние нападните кои ги има на секој, ама на секој чекор и секоја минута, и биди дрска - хај мај френд, хау ар ју, фрст деј хиар, - и те гњави до 101 и назад, ги има и на приватните плажи на хотелите, мада на нив си безбедна, но на јавните плажи и не баш, затоаа да внимаваш многу хотелот да биде со излез на плажа, сопствена но директно да излага на неа, затоа што оние што имаат ,,преку пат,, плажи, сите им се на улица буквално, така е организирано месторо, па ако несакаш да дишеш ауспуси додека се сончаш внимавај и на ова...
    Цените надвор од хотел се о.к, по реални од секое друго место на ке сум била, имаш сувенири по сосема пристојни цени, не пумпаат ради туристи, и претежно се со ставени цени на производите што е доста чудно и необично за туристичко место...
    Несмееш да пропуштиш ден на пиратски брод и ако си во можност да ја земеш и Сахара како тура затоа што е НЕЗАБОРАВНООООО...
    Исто мораш да одиш до Монастир (само сега во немирите беше запален, па незнам како изгледа), преубаво место, така внимателно граден и скоцкан, како кутивче некое :) дише со историја, со убавина...феноменално е...можеш да отидеш со воз, картата е многу ефтина, ќе се распрашаш на рецепција, ќе ти објаснат точно...
    Исто да поминеш и на Медина, тоа е нивниот пазар, и во Сус е во центарот и од секаде е многу блиску, а да и таксито е доста евтино, т.е целокупно превозот им е ефтин, што е и логично ;)
    Ако го погодиш хотелот, ќе го имаш најубавиот одмор, затоа што таму се е убаво само по себе...
    Во Тунис се може лесно да се добие, со добар бакшиш, како еве на пример соба со најубав поглед :D
    Еве се потрудив се да ти објаснам, се што јас сакав да го знаев пред да одам таму...
    И уште...првичната цена што ќе ја видиш на аранжманот, воопшто не е таа...има уште тракатанци после тоа, уште ова се доплаќа, уште она, на нас плус по 200е ни излегоа од човек, од првата цена на аранжманот :tmi:
    Ти посакувам да уживаш, ако се одлучиш да одиш...

    п.с. За безбедноста само добро, добро распрашај се, незнам како е сега, многумина се плашат...
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Queen-Nefertiti

    Queen-Nefertiti Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    46
    Mммм...Прекрасно опишано за миг како во Тунис да бев :) После ова што го напиша и сликите што ги гледав дилемата ја нема повеќе мора да се посети ова прекрасно место.Фала уште еднаш Енка за прекрасното објаснување :*
     
  4. mona-li

    mona-li Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    9
    enca.69 дали одеше преку агенција и преку која ако можеш да ми кажеш?
    фала
     
  5. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Додека хотели од типот на оние 5 звезди во Анталија скоро и да нема
    Енца има такви хотели. Имаат 6, 7 ѕвезди и не се достапни за сите. Арапското сетило за луксуз не може да се рамња со Турција. :)

    Изборот на хотел е важен многу. Убаво имаш напишано за тоа со плачењето.
    Позади мене во авион имаше една српска сезнајка абе сите хотели ги изназборе. Во главата некој на тапани ми тропаше осеќав. Јас сите ги советувам ако фаќаат магла накај Египет, Тунис за одмор строго 5*. Нивните хотели по 4-5* се мизерија. Строго All Inclusive.
    Од екскурзиите не ја препорачувам таа со Картагина. Не изнамачија на тоа сонце, ништо не видов ниту искусив. Единствено шопингот во Тунис (така се вика главниот град) ме смири. Си купив прекрасни балетанки 400 денари на пример.

    Моето искуство со бакшиш е спротивно со твоето.
    На бакшиш трошевме два динара дневно. Еден динар е 30 денари. Остававме еден динар на кревет и тоа тука нели класика. Лебеди, срциња, ружи....И другиот динар на келнер или слично.
    Продавачите не игнорираа, ко да не ни постоиме. Се држеа демек класа, они французи се нели. :D Само во Сиди бу Саид тук таму некој потрча по нас.

    Француски задолжително по некое зборче затоа што не се многу умешни со англискиот, додека кога збореа француски стварно едвај ги пратев.

    Немаат врска со луѓето од Египет. Додека овие ти се клањаа што се вика и нозе ти бацуваа, другиве се ладни, као не ги замарај. Што уопште им се обраќаш сеа?
    Многу беа дрски. Исклучително дрски, не само по продавици. Општо услугата во хотелот на рецепција, ресторан и така натаму. Кога побарав ланч пакет за на екскурзија ме израмнија со лудача. Сите холите го имаат тоа, а тек па некој со 5*.

    Водата не дека е битна, кога ти следува вода секој ден. Не знам зошто сте купувале, а ако ти треба друга си бараш во ресторанот или баровите и си го зимаш шишето.

    Плажите се убави. Водата не толку прекрасна.
    Јас се гадам од алги и во принцип морето им е мирно, ама деновите се погоди катастрофа.

    Не се агресивни, питом народ се. Пример, нема друг народ што до толку си го величи окупаторот што иако поминале години откако не се колонија, пак им е втор мајчин француски и толку ги сакаат нив. Буквално не ти обрнуваат внимание, и дали 1 во 100 души беше нападен и ти правеше муабет.

    Има евтина облека, часовници, паричници.
    Смешни беа цените во некои супермаркети. Новчаник 2 евра, а копија, ептен добра озб. :D
    Соковите и чипсовите си држеа до себе. Цените им беа соленки, ама јасно. Мали деца по хотели, имаат ќар ако продаваат поскапо, има кој да купи.

    Јас бев сместена во Порт ел Кантауи. Имавме човек во агенција и ни препорача да одиме таму или Јасмин Хамамет. Местово дури го препорача и најдобриот другар на дечко ми, кој е инаку од Тунис.
    Ама Ј. Хамамет некако потуристички беше направено. Не ми се допадна бидејќи сакав да го искусам Тунис каков што е, не да биде маскиран.

    Инаку општо ако ве интересира, главниот град е колку Белград. Просечна плата е ко кај нас, и полека полека се исламизираат се повеќе и го губат тоа француското што се вика.

    За посета го препорачувам Сиди бу Саид, турата во Сахара е прекрасна велеа ама 1800 километри во еден правец не фала кога си со 50 годишни родители.
    Ако сте во Порт ел Кантауи марината мора да се види и задолжително вечера покрај обала. Ресторанчињата се со пристојни цени, ко кај нас. Таму врие французи што тераат одмор ко ние во Грчка. Приватен смештај, само патуваат со брод, а не со кола. Додека вечерате имате поглед кон осветлени јахти кои се буквално 5 чекора од од вас. Местото е проект на Светска банка, Кувајт и уште една земја некоја таква ко Кувајт. Такси за натаму е 3 динари, а за назад 4,5 зависи како ќе се исценкате. Ние мислам од што зборевме најевтино поминавме благодарение на мене. За назад е поскапо бидејќи одат на тоа мораш да се вратиш во хотел и ќе платиш колку барам.
    Во медината пазете се. Таму одете строго без пари, пасош и така натаму бидејќи уличните крадци се страшно добри. Турата пред нас украле србин и тоа дебело го опљачкале.
    А таму инаку смрди ли смрди. Ама евтино е па ептен.
    Различна култура од другите народи во близина. Некои носји, музика итн е апла наша она.
    Исто мораш да одиш до Монастир (само сега во немирите беше запален, па незнам како изгледа), преубаво место, така внимателно граден и скоцкан, како кутивче некое :) дише со историја, со убавина...феноменално е...можеш да отидеш со воз, картата е многу ефтина, ќе се распрашаш на рецепција, ќе ти објаснат точно...

    Безбедно беше годинава, особено сега пак. Пробуваа да си го вратат туризмот кутрите.
    Половина од персоналот во хотелот каде бев јас беше отпуштен, и ова беше еден од ретките хотели коа беа полни. Другите имаа по 2-3 фамилии неделно сместени максимум.


    Аааа, и не се глупирајте да ги пцуете. Знаат македонски и српски! :D
    Еве го моето мислење за хотелот од форум за патувања, ако некој го интересира:
    Државата како држава сосема во ред. Се приметува она присуство на Франција, дали намерно или не, не знам, меѓутоа софистицираноста ако можам така да ја наречам, е далеку повидлива од онаа во Египет. Ми се допадна фактот што Франција до толку влијаела да нема носење на розарие, хиџаб и слично, но нивното навистина големо влијание во однесување на народот е голем минус. Многу се крути, и не ти обрнуваат внимание. Дрскоста е доста застапена.
    Не само хотелот, од чија послуга сум крајно разочарана туку и од луѓето по улиците општо. Одите во Египет, се чувствувате како бог. Сите беа насмеани, малку ќе те закачнат, ведар народ. Тунижаните сосем спротивно, службени намќори.
    Знаењето на францускиот им е на крајно високо ниво што се подразбира, ме фасцинира тоа што знаат англиски добро, дури и македонски. А мислев никој не умее да ме разбере. Е сега, Србите стварно не знаеја да не разберат, па дури и на англиски ни се обраќаа иако бевме секој ден лежалка до лежалка. Невиден безобразлук. Значи македонски, српски и останатите јазици од ова подрачје колку толку ги разбираат. Додуша мешаат, за нив добар дан и добар ден е исто. Кога веќе ќе кажете дали сте Србин или Македонец, тогаш се водат по она што претходните туристи од двете земји ги учеле.
    Климата е солидна. Има допир на влага, но и ветар. Се поднесува. Отпечативме листа на влага од интернет, но и без неа се приметува која вечер се лепите, а која вечер нормално функционирате. Во споредба со Скопје, Тунис и градот и државата имаат далеку, далеку попријатна клима, што претходно не би верувала. Не можам да кажам дека е климата добра како во Египет, блиску е на неа, но бидејќи го искусив претходната година Белек, една вечер беше малку слично. Тој пат имаше висок степен на влага, а дури и еден менува премногу!
    Морето лошо. Од него само жалби. Бранови, алги, медузи. Влегов во вода до половина, и веќе ме опали медуза. Не се страшни отоците, малку крем и ќе помине. Плажата сосем во ред, ситен песок кој мава накај бела боја. Не се лепи по тело како во Грција па да не можеш да се очистиш од него.
    Обавезно да се пијат апчиња како Ентерофурил. Животот ми го спасија.

    Налив на туристи од Србија, Хрватска, Велика Британија. Периодот во кој бевме ние имаше и нешто од Полска, Русија, Франција, но овие вторите ги немаше толку како во Египет. Затоа што се мешаа и со друг народ, не се приметуваше толку многу проститулокот нивни.
    Услогата крајно лоша како што веќе кажав. Лифтот не работеше, а тој на рецепција па и не ти се замара. Ти вика има друг лифт, тој е за инвалиди, вие можете пешки. Ако не, идете со тој лифт до први, па после пешки. Еј фала, многу ми помогна. Дури третиот ден го направија. На рецепција не те ни упатуваат кај ти е собата, па ти можеш да шеташ низ повеќето крила на хотелот.

    Тоа доцни вечери, и триста чуда нема шанса да начекате. Односно, добро можете, ако го разбудите куварот/келнерот, не сум сигурна за функцијата, кој беше прилегнат пред ресторанот.
    Храната одлична, тепачка за лубеници и благо. Келнерите доста непријатни. Јас во својот одмор не ги видов насмеани.
    Убава замисла за како да ја водат салата, која не успеала. По 2-3 соби се лупнати на една маса, е сега како сите три фамилии дојдат во исто време, јас не знам што прават, меѓутоа во секој случај ова не функционираше. 10 пати најмалку ме станаа од маса, да се случеше тоа уште еднаш ќе пријавев кај менаџерот. Се чувствуваш непријатно, ниско и исфрустрирано. Подобро да оставелете кој, кај сака да седи.
    Пуканки, шеќерна волна имаше ама додека стигнете на ред, веќе затворило. За ultra all inclusive имаше не толку голем избор на алкохолни пијалоци. Сангриата ќе ја пофалам, ама коктелите беа едни исти. Само го менуваа сокот со кој го правеа коктелот. Tequila Sunrise и Sex on the beach беа исти коктели.
    Ние бевме тројца, ни оставаа два пешкира што беше крајно безобразно. Надополнување на шампон или купка немаше, освен ако не побараш. Последната вечер дури и чаршафот за покривање ми го земале и не донеле нов, па по пижами се симнивував на рецепција да барам. Добив нов после два часа, откако уште еднаш се симнав, и додека моите спиеја влезе не знам кој за прво да провери да не сум го пикнала под кревет.
    Хигиената морам да ја пофалам, секој ден переа се, чистеа плочки во купатило, сијалиците ги бришеа и така натаму.
    Аниматорите се можеби единствена работа поради која би се вратила во хотелот. Одлични се. Не може да не ве насмеат. Работеа 24/7 што би се рекло. Преку ден немаа слободно време. Цело време работеа или со гостите или пак вежбаа кореографии за преку вечер. Во секој случај, за нив нема никаква замерка. Не можам да ја опишам професионалноста, харизмата и желбата која ја ствараат во вас да сакате да учевствувате во игрите. Не замараат, и нема луѓе што шетаат по плажа и базен да ве замараат со тури, и третмани за масажа.
    Локацијата е во ред. Со такси кон марината плативме 3 динари, за назад се исценкав за 5.
    Дечкото што работи во продавницата во хотелот е многу фин, а цените се исти како во маркетите надвор. Цените вака се движат како овие во Македонија, фактички иста приказна сме бидејќи и иста просечна плата имаме.
    Скапи се чипсовите и оние работи кои им фаќаат око на малите деца.
    Нема belly dance костуми. Чанти во голем избор, поквалитетни од овие во Египет што се гледани. И што е убаво, нема толку мнг фалс ташни што се приметливи. Секаде има фалсификат Longchamp барем. Цигари ако сте пушачи понесете од дома, кутија е 2,5 евра. Не знам какви се цените во Србија, но во Македонија еве West се дупло поевтини.
    Ориенталното ќоше во хотелот е преубаво. Тоа може и ми беше омилен дел од него.
    Има интернет, ама се едни исти гледате да седат, јас не знам што прават луѓево. Во 3 сабајле уште имаше луѓе внатре. Компјутерите се бавни, и иако е дозволено пола час од човек, вас толку ви треба само за да отворите интернет, а тек па да искуцате адреса. После тој пола час треба да отстапите место за друг, и после пак можете да си седнете. Понатаму иста приказна.
    Базенот е убав. Широк. Не е многу длабок. Разумно е направен.
    Има многу убави скали каде беше тутма. Ем се ладите, ем се сончате. За лежалки фаќање обавезно рано сабајле. Најдоцна 8, ако сакате пристојно место. По четворица зафаќаа 7 лежалки, и на плажа и на базен. А другите, можат слободно пешкир да си постелат што се вика.
    За лежалките има посебни душеци, па треба да чекате да помине човекот да ви даде, а до тогаш можете да си го стврднете газот на неа.
    Има јавање коњи на плажа, парашут и слично.
    Ви следува маникир, педикир и масажа, бесплатно, кој сака да искористи. По еднаш за недела, така да ако сте 10 дена имате два третмана.
    Пијано барот е доста убав, тивок и дискретен. Барот кој го дели хотелот од базен, каде беа анимациите е најполн. Смее да се пуши внатре. Бар има уште на спрат, посебно ресторанче за ручек на плажа, каде има најмнг пица, и бар на базен. На плажа такво нешто нема.
    И тоа е тоа, мислам дека опфатив се што сакав.
     
  6. ververcie

    ververcie Активен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Zdravo.

    Gledam deka ste zadovolni od vašiot odmor vo TUNIS. Jas imam rezervirano preku slovenečka agencija, vo El Mouradi Mahdia, 5* hotel ... nekoj bil tamu?

    Inaku me interesira dali treba VIZA? Ili samo pasoš e dovolno?
     
  7. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Луѓе каква е состојбата во Тунис? Има ли немири сега?
     
  8. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Ќе иде ли некој летово во Тунис? Глеам има супер понуди за алл инкл. во 5*хотели...ама...безбедно ли е? :?:
     
  9. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Јас враќам ептеееен доцна ама за наредно лето ако му треба на некој. :rofl:
    Тунис нема гајле со немириве, барем што се однесува на туристички места. :)
    Луѓето се сметаат за французи и се посоцијализирани од другиве. Тенкови има на сите страни, полицајци на секој чекор што страв те фаќа, па затоа и не се остава простор за немир.
    Они најмногу урлаа и протестираат во главниот град на Тунис, Тунис. :)

    Јас бев 2011, одма после немирите, луѓето ни Влада немаа и се беше под најдобра контрола.
    Египет се трагедија затоа.
     
    На deliza, Tanjamm и kravce им се допаѓа ова.
  10. maya..a

    maya..a Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2012
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Здраво.Гледам темава не е многу активна тука, па ако ја ома на некое друго место ве молам да ме посочите.
    Сакам да прашам дали има некој што скоро бил и какви искуства носите. Фала
     
  11. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.176
    Допаѓања:
    37.949
    Пол:
    Машки
    Какви се плажите во Тунис? Дали вреди за парите кои ги нудат нашите агенции? Какви искуства носите од Тунис од поскоро време?
     
  12. Zumbulce9

    Zumbulce9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2014
    Пораки:
    329
    Допаѓања:
    845
    Ова е слика од соба, бев во Јасмин хамамет. Немам слика од плажа, ни еднаш не ja сликав :) Имаше бранови поручек, а од сабајле беше ок морето. Во јули бев и се издржуваше, не беше премногу топло иако периодот од кај 13 до 16ч не беше баш за на плажа, тогаш беше топло, ама и секако тој период се повлекувавме од плажа заради ручек. Имаше доста избор на храна, иако имаше некои јадења што беа позачинети и специфични и сепак зависи од вкус кој што како јаде. Бев на тура во Сахара со 1 спиење во хотел блиску до пустината, е таму беше претопло и навечер. Јавав камила во Сахара (тоа е многу убаво искуство) и бевме со џипови низ пустината така ко адреналинско возење и на местата каде што се снимани филмовите Англиски пациент и Star wars, како и во една оаза. Бевме на ексурзии во Картагина и во Сиди бу Саид (мало гратче ко Санторини личи). Сувенирите се евтини. Во однос на категоризација на хотели, не е исто хотел со 5 * во Египет и тука. Египет е за нијанса подобар. Ако треба да бирам би го избрала Египет (Шарм ел Шеик) пред Тунис, иако мислам дека треба да се посети и Тунис и реално цените за аранжман со авион и all inclucive е стварно ефтино во споредба што за иста цена плаќаш само апартман во грција во сезона. Јас бев во 2018г. преку српска агенција Sunline, имаа нивен водич таму што живее преку сезона и сум задоволна од агенцијата. Преку Белград летавме.


    tunis2.jpg
     
    На joy1 и Ahoy им се допаѓа ова.
  13. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.176
    Допаѓања:
    37.949
    Пол:
    Машки
    Досега сме оделе само во Грција, ама годинава реално не вредат цените. Затоа разгледувам нешто друго.
    Но, нас најбитно ни е морето и плажата, чисто, тиркизно, затоа до сега била само Грција нашиот избор. Еднаш Албанија и Бугарија и никогаш повеќе.
    Од нашиве агенции, реално 6 ноќи за Египет ни се малку, а Египет (Хургада) мислам дека има баш такво море (не секаде). И Кипар (сопствена режија).
    Така да, не знаеме каде, а за поефтино да поминеме сега треба да одлучиме.

    Извинете ако отидов малку оф-топик.
     
    На TeonaZ му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Zumbulce9

    Zumbulce9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2014
    Пораки:
    329
    Допаѓања:
    845
    Кипар е преубав и мене ми е една од следни дестинации кои сакам да ги посетам, лани мислам имаше некои аранжмани од агенцииве, така да може да провериш да не има и годинава. Црвено море мене ми е преубаво, ако нема 10 дена аранжмани, ако ви се уклапа у буџет идете 14 дена во Египет :)
     
  15. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.176
    Допаѓања:
    37.949
    Пол:
    Машки
    Ако е Кипар може и сопствена режија, Виз Ер од Скопје и таму си :) Ако не е проблем, во кој хотел беше сместена во Египет и каде, Шарм ел Шеик или Хургада?
     
  16. Zumbulce9

    Zumbulce9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2014
    Пораки:
    329
    Допаѓања:
    845
    во Шарм бев,ама не го памтам името на хотелот. Во 2009 година бев преку Аурора агенцијата
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Alm.

    Alm. Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2022
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    1.301
    Искуства од Тунис во скоро време? Дали 6 ноќи се премалку, затоа што некако 13 ноќи ни се премногу? Дали е многу жешко?

    Предлози некои за хотели, совети и сл? Уште не сме одлучени стрикно за Тунис. Гледав понуди за Турција, Египет и сега Тунис.
    Турција бевме лани Аланија, задоволни сме, и сега пак и ни се оди и не ни се оди, а и некако многу поскапо ми иде за разлика од лани. Египет е многу жешко, па не ни се оди во јули таму. И сега доаѓа во опција Тунис.

    Што ќе кажите? :D
     
    На blackdeath му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Rorsah

    Rorsah Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2021
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Машки
    И во Тунис ти е многу жешко во Јули месец да знаеш, едино што има ветер за разлика од Египет, а 6 ноќи што знам се таман ако не планираш на екскурзии да одиш, 13 според мене е премногу
     
    На Alm. му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mind_monsterskp

    mind_monsterskp Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    26
    Некој што ќе оди во тунис годинава на одмор ако може да ми пише лп.
     
    На Monikang му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Kate555

    Kate555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2016
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    nie planirame naredna nedela da odime za tunis vo oblasta sus