Како се справувате/реагирате кога ќе слушнете за вас некој невистинит трач, чиј извор бил некој со кој сте се гледаЛЕ подолго време али поретко(мувач). Дали тоа ве погодува, дали превземате нешто околу тоа, или дали воопшто се чуствувате непријатно поради трачот кој би можел да излези во јавност. И што мислите; од каде потекнува тоа негово однесување и али некаков вид на чуства се вмешани во целава ситуација, земајќи го во предвид фактот дека вие не се замарате со човекот долг периот а тој продолжува да си зборува и зборува...
ауфф добро ти текнало за темава,сега ме потсети на еден.значи типот и беше брат на една моја не толку блиска пријателка,имавме неколку пати излегувано со неговата кола со друштво како другари пред 2-3 години но ништо не се случи мегу нас не ни знаев дека му се свигам,и пред околу 1 год типот му расправал на еден мој познаник као демек јас и он сме имале нешто,па леелее човече колку добра сум била јас у кревет,кога ме прасаа јас само ,не ми се веруваше дури,па кога ми се ,лелеејј,чунки типот имасе фаца :geek: ,еднас го сретнав во едно диско само ја веднеше главата,толку бев изнервирана од неговиот проститулок што бев готова да одам да му залепам една лепа,ама другарка ми ми вика ма остави го,ке почнат да се прашуваат зошто,како,и полошо ке биде.сега кога ке ми текне ,он со мене..dogy face
Си одам јас дома и едни двајца пред мене ме озборуваа па и се вртат накај мене а па многу ми е гајле што мислат за мене не ги ни познавам ме виделе два три пати типовите.
Вистински маж никогаш не би ги кажал интимните моменти со некоја жена,тоа само го прават само искомплексираните суштества,тоа ми е толку ниско и страмно што кој и да е да ми кажва што правел со некоја девојка ми се преврќа нешто во стомакот отповеќе и сместа го игнорирам гнојот... Се имам дружено со мн.луѓе додека студирав со секакви но повеќето снобој во такво друштво бев,и можите да замислите што зборваја за секоја девојка,секогаш сум ги мразела таквите муабети иако под наводници мои другари ги кажвале,се фалеа, лажеа итн, никогаш такво понашање неможев да поднесам снобој одвратни..За таквите лек е само некоја кучка,а искомплексираноста доаѓа од таму што или некоја гадно ги заебала или неможеле некоја никогаш да ја имат па на други мора да лечат копмлекси,за таквите само ИГНОР друго ништо и да сте биле со некој таков алапач,добро е да се процени кога треба да му се речи чао па нека си зборва за вас и цел живот ако сака.... .
Ја цитирав миме87 со цел да не се повторувам, тоа е суштината дека е навистина јадно и бедно да се раскажуваат поедини интимни моменти поминати со некоја жена. За мене е одвратно воопшто и да се пофалиш дека си бил интимен со некоја а камо ли да изнесуваш одредени детли. Обично тие детали почнуваат со: Еј брат да видиш како сум ја растурил онаа....... Секогаш кога ќе го слушнете ова знајте дека се работи за исфрустрирана личност кој не видел ни п од п...а а камо ли нешто да направил. Најчесто ваквите сочни детали го здогледуваат светлото на денот по раскинувањето на врската во знак на одмазда, во поново време и слики и видео клипови. Само незнам зошто мажите мислат дека ќе понижат една жена ако покажат некоја слика или видио како водат љубов? Што има тука срамно, некој не го прави тоа? Јас кога би имал некоја моќ јас таквите мажи би ги кастрирал и би им забранил да се доближат воопшто до жена. Фрустриран маж ти е како ранет лав, кога ќе му го повреди некоја егото не бира сретства како да и се одмазди, а што повеќе се труди се повеќе себеси се заглавува во го*на до гуша. Да заклучам, ниту сум го правел ниту ќе го правам, ниту споредувам некоја бивша со сегашна ниту тоа ќе го правам, секоја жена е личност за себе и ја заслужува мојата почит, и за време на врската и потоа, без оглед на причината за раскинуањето па макар тоа било неверство. Она што се случувало помегу нас таму треба и да остане, само како еден убав спомен. Оној човек кој незнае да почитува жена незнае да почитува ни мајка, ни сестра затоа што тие се жени. Почита кон жената не е само во кревет, почита кон жената започнува уште со запознавањето а завршува со тоа што и по врската, доколку доје крај без оглед колку си повреден или имаш лошо мислење за неа, нема да дозволиш од твојата уста да излезе ниту еден лош збор за неа. Со тоа не само што ќе ја испочитуваш неа, туку ќе покажеш каква личност си всушност ти.
Potrebata za sopstveno velicenje,postoenjeto na cuvstva posle prekinot na edna vrska i red drugi raboti mozat da bidat pricina za vakov debilizam. A okolu toa deka mazite se pogolemi ogovaraci od zenite se soglasuvam ama samo za onie isfeminizirani mazi.A niv od daleku mozeme da gi prepoznaeme.Inace ogovaraat i mazi i zeni,toa e individualna rabota i ne zavisi samo od polot.
Мажите најчесто зборуваат лошо за онаа Жена која не успеале да ја имаат , после таа е најлоша, таа е курва и не знам ти што . Ах што прави чиста апсурдност Исто така , кутрите за да се направат мачо пред другарите, си ја кажуваат цела интима, или лепат лажна етикета на девојка со која размениле само здраво има и други факти кои докажуваат колкави оговарачи се мажите, ама сепак рака на срце не си можат со нас
Никогаш не мислев дека припадниците на машкиот пол се дотолку алапачи и озборувачи, се' додека од машка уста не излезе тоа признание. Фалење со која биле и што правеле, за која што слушнале, коментирање за секоја што ќе им дојде пред очи, па додавање фантазија и измислени приказни. А мислев дека се сериозни и не се замараат со небитни работи во животот ама не биле сите мажи, повеќето биле мажиња. Зелени.
И јас мислев дека мажите не оговараат во толкава мера се додека другар ми не ме седна пред неколку години со неколку негови другари, што толку се изнаоговараа, бетер од било кое женско... Многу одвратна појава без разлика на пол како и да е...
Мажите што само ги интересира да уплатат ливче и што тражат 50 денара од мајките се најглавните оговарачи во друштво и посебно оговараат жени, паметен маж со стабилна работа, идеи, амбиции не се замара со оговарање.