1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Околу возачката дозвола

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од mazikeen, 21 јануари 2019.

  1. mazikeen

    mazikeen Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.423
    Пол:
    Женски
    Постои тема за возачки дозволи каде луѓето споделуваат информации околу полагањето, исто има и онаква каде се расправа за тоа каква е сообраќајната култура кај нас; но во оваа тема сакам да ви поставам неколку прашања и конкретно за нив да изнесете ваше мислење.

    1. Дали сметате дека треба да постои возрасна граница, од колку до колку години може да се употребува возачката? Дали е во ред да се полага и вози пред 18г, и да се вози после 80г?

    2. Дали при полагање за возачка, треба да се земе во предвид и нивото на IQ , а не само возраста? Да се направат тестови за интелектуалната, емоционалната зрелост?

    3. Дали е потребно во сите автомобили да се вгради некаков систем кој не би дозволил на возачот да го вклучи автомобилот доколку има над дозволеното ниво промили алкохол во крв? Со цел да се намалат сообраќајните незгоди.
     
  2. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.080
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека за намалување на сообраќајните незгоди би требало да купиме вакви автомобили :

    Со овој автомобил , дефинитивно ќе се намалат незгодите . И да сакаш не можеш да удриш некого . Самиот автомобил кочи кога има луѓе пред него .