Не сум сретнала до сеа ваква тема и би сакала сите да постирате слика од вашит омилени сладоледи а исто така и да кажеме кои се нашите омилени вкусови ова е мојот омилен сладолед за ова лето
Ednas na prosetak zemav vkus na kinder i mnogu mi ss dopadna,isto taka omileni mi se vanila,jagoda i visna Slika nemam toa za nareden pat
Ако мислиш на вкус, тогаш најомилени ми се овошните, ме освежуваат, јагода, портокал, шумско овошје, малини, капини, сакам да пробувам нови вкусови и зедов од киви но тој ми беше грозен, сакам и од чоколада, бисквита... Ванила не ми се допаѓа, како млеко ми е. Имам пробано и со вкус на нескафе, за него не сум баш сигурна, не ми е ни убав ни лош. Сакам кога сладоледот во него има парчиња од чоколадо или од овошје, а кога е на стапче сакам кога е обложен со чоколадо. Од купечките нема некоја посебна марка т.е. како сладоледите од Frikom или Delta, битен ми е вкусот. Сепак повеќе купувам со корнет отколку на стапче. Ова лето најомилен ми беше сладоледот од чоколадо и вишна во кутија.
Најмногу ги сакам овошните сладоледи. Претежно купуваме сладолед во кутија. Сладоледите Мilina се вкусни и евтини. За 120 денари има литро плус гратис двеста милилитри сладолед.
Сладоледот во Палма (Аеродром) ми е најубав, иако е најскап од слаткарниците. Јадам од тие мешаните (пица, тигар, крем-банана и уште некои имаше не ми текнува), јагода и карамела. А од продавница јадам од Родео со јагода и ванила или тие на стапче големите Кинг.
Се согласувам дека сладоледот од Палма е добар, а го издвојувам Капри како најомилен (на стапче, во корнет, во чашка,...).
страчателаааа! ама у глобала ниеден нема да одбијам, кој и да е вкус ќе му се радувам само на неовошните малу поче
За вкус сим многу basic, сакам чоколадо, карамела, сникерс итн итн. А како марка Магнум го сакам највеќе.
Омилен ми е јагода, дефинитивно! Преку лето јадам овошни, јагода, боровница, шумско, а кога е поладно времето на млечни мењавам. Палма ми имаат најубави сладоледи, и доста избор па раат ми е душава.
На прво место ми е сладолед од смокви Сладолед во главно ми е омилен десерт, но во однос на вкусевите прво смокви, па се останато Второ место би ги ставила со вкус на шумско овошје и со вкус на чоколада и вишна
Не постои сладолед на светот што не ми е омилен Најомилено нешто на свет ми е! Можам да јадам дур не повратам Чоколадо,бело чоколадо,рафаело, сникерс ги издвојувам како најомилени
Gio Gio, Best, Magnum, Rodeo, Nirvana и секако, најубав ми е сладоледот во Дежа Ву (Аеродром). А по вкус јагода, карамела, банана, баунти...