1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Омилено јадење и рецепт

Дискусија во 'Рецепти' започната од smiley-32, 19 октомври 2011.

  1. smiley-32

    smiley-32 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    510
    Овде можете да си кажете што ви е омилено јадење и рецепт (можеби на некој ке му затреба) :lol:
    На мене ми е печени макарони.Одозгора со нарендана шунка и најубавото битолско сирење.Многу е лесно свариш макарони,им рендаш шунка и сиренце (по желба) ги ставаш во рерна и ги печеш :rofl: Па ајде сека вие сте на ред :)

    Ако има слична или иста тема -клуч!
     
    На Maeeeee му/ѝ се допаѓа ова.
  2. bidermaerka

    bidermaerka Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Сигурно се вкусни макароните подготвени на овој начин, но мене повеќе ми се допаѓаат тестенини со морски плодови (морски шпагети - ова лето јадев во Албанија). Многу лесна и убава комбинација која те заситува, а повторно лесно се чувствуваш. Дома немам до сега правено, но мислам дека не е комплицирано. Варени шпагети измешани со однапред издинстани - пропржени морски плодови во доматен сос и малку лукче (може да биде во прав)
     
    На Maeeeee му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Се разбира омилено јадење пастрмајлија 8) ,


    Потребни состојки:
    1 кrр. брашно
    30 rp. квасец
    8 јајца
    800 гр. свинска кртина
    сол
    маст

    Подготовка:
    Ставете го квасецот во млака вода за да нарасне, околу 20-тина минути. Потоа земете го брашното додајте му сол, и квасец, а потоа додека месите додавајте топла вода. Тестото кое го месите треба да биде средно меко. Откако сте го замесиле оставете го половина час да нарасне. Потоа размесете го повторно и поделете го на 8 еднакви парчиња (топчиња). Секое парче израмнете го со рака, во вид на пастрмајлија со што краевите на парчето нека бидат малку подебели од средината. Месото исецкајте го на коцки и наредете го на секое од парчињата, притиснете малку за да се спојат со тестото. Ставете по една лажичка маст (свинска) врз секоја пастрмајлија и потоа ставете ги во рерна да се печат. Кога ќе бидат полу-готови, ставете по 1 јајце на секоја од пастрмајлиите. Оставете ги да се допечат. Од како ќе бидат готови, завиткајте ја секоја пастрмајлија во алуминиумска фoлија, за да oмекнат.
     
    На Maeeeee му/ѝ се допаѓа ова.
  4. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    на мене омилена храна ми е морската храна
    па еве некои рецепти
    Ослич во бело вино
    Состав
    300 милилитри Суво бело вино
    50 грама Путер
    800 грама Ослич
    100 грама Моркови
    малку Магдонос
    1 Кромид/а
    малку Сол
    малку Брашно
    Подготовка
    Половина путер се топи, се додаваат сечканите моркови и кромидот. Кога кромидот ќе биде проѕирен, се посипува со брашно, се загрева уште една мин. и се додава белото вино. Кога ќе проврие, се додава сечканиот магдонос. Се покрива и се остава да се вари околу 20 минути. За тоа време, во огноотпорен сад се редат посолените, посипани со брашно риби. Од вареното вино се отстранува магдоносот, се додава чаша ладна вода и се прелива рибата. Рибата се пече во загреана рерна на 220 степени, покриената со алуминиумска фолија, додека да се зацрвени околу 20 мин. Рерната се исклучува и рибата се остава уште неколку минути. Пред да се пренесе на трпезата, се прелива со стопен путер.
     
    На Aleksandar1212 му/ѝ се допаѓа ова.