Од fashiongroup од Parfois купив ташна за мајка ми да искористам попустот и ја нарачав во неделата. Денес ја добив, мислам дека најекспресно ја добив нарачкава до сеа.
Дали некоја има прашано за цена на сет опрема за вежбање од superstacy на инста? Ме интересира отприлика колку чинат.
Порачав нешто од guess преку DHL го испратија. На tracking гледам дека е на царина, ама веќе три дена исто покажува. Ај нема везе ќе почекам не ми е итно, ама овде и сегде по интернет читам лоши искуства со DHL . На некои пратката воопшто не им се доставува, на некои им е изгубен пакетот и сл. Вредноста на порачката е 24.90 € и пишуваше free shipping и не знам сега дали нешто додатно ќе плаќам ? Подлежи ли на царина ? Додатно нешто можат ли да ми наплатат? На checkout кога порачав пишуваше 0€ shipping, tax costs 0€. А читам DHL ви наплаќале за услуга и царинско посредување.. Збунета сум и не знам што и како ќе биде. Прв пат вака преку DHL ми испраќаат. Врска немам и дали дома ќе ми стигне или треба да шетам со google maps да барам..
Дали сте нарачувале од Алиекспрес делот New user gifts? Сакам да порачам неколку работи бидејќи цената е повеќе од одлична, но се плашам дека нема да стигнат... Некако нереално ми е... Некој да порачал нешто и да му стигнало???? И дали ако неколку дена ми седат тие работи во кошничка нема да има проблем, бидејќи се работи од New user gifts?
И мене исто ме интересира Дали ти порача? И дали од понудените работи може повеќе или само 1 нарачка е со таа цена??
Не, не порачав сѐ уште. И јас чекам да видам можеби некој знае или има порачано. Нешто ми имаше излезено изберете си 1 предмет, но не знам дали може повеќе работи. Искрено сакам да мислам дека може бидејќи во кошничка ставив доста работи Ако некој знае нека каже
Гледам отвориле Ted Baker во City mall. На инстаграм профилот пишува online shopping на некои слики. Ме интересира дали имате нешто инфо повеќе, дека официјална страна нема за мкд
Сет 2000 па нагоре. Искрено дерат, за квалитетот не знам да кажам, ама искрено за тие пари хеланки ќе најдеш и nike и од тие бреднови кои ни се веќе "проверени" , а за убави, убаво изгледаат.
Девојки ако нарачам повеќе работи од еден селер дали ќе платам само еден shipping? Лесни бебешки алишта се во прашање
За Папи и Коко можам да кажам дека имаат супер квалитет и брза достава. Се што сум нарачала било супер.
Здраво девојки дали некој има искуство со оваа страна? Гледам убави работи имаат па би сакала да нарачам
Не и не, ниту сака да ги слика работите кои ги продава, ајде бар да каже, туку се пишува наредниот ден, инаку имам сретнато на друга страна дупло поевтино од цените овде што ги има, бап прашај,да ти слика нешто а таа слика да не е од нет, кај ќе ја изначекаш кај па уште нема ни одговор да добиеш, кој знае дали и воопшто истите работи ги праќа, многу глупо и сомнително
Баш и пишав да видиме што ќе одговори, а инаку која е таа страна што ги имало истите работи? И ако може линк или скриншот од профилот.
Има ли некој начин да се заштитиш од превара? Има многу работи што ми фаќаат око ама гледам има многу превари па ми е страв