И асос почна да ги враќа пратките назад и да рефундира на нивна инцијатива Зошто не функционираат поштиве и праткиве од Македонија кај нас?
Здраво, дали знаете интернет страна од која може да се нарачаат benetton производи а да имаат достава до Македонија?
Lookfantastic доставуваат до Македонија. За Black Friday шипинг беше 1.19€, инаку околу 12€ е достава. Малку се бавни со испораката, јас чекав една недела за да ми ја испорачаат нарачката. Претпоставувам поради гужвата. Ако сакаш ќе пишам кога ќе пристигне пратката.
Има некој порачано од Anastasia Beverly Hills нешто директно од нивната официјална страна? Гледам доставуваат и до Македонија сега
Имав нарачка од страна од Лондон преку ДХЛ. Нарачав за 100 и нешто евра , ги направиле на две пратки . Се ок и убаво стигна ,но морав да платам по 2500 ден за двете пратки да ми ги испорачаат на адреса. И ми испадна да платам плус 5000 денари на ДХЛ . Според мене не вредеше и не испадна ефтино тоа што го порачав. Едит. На страната си имаше и колку е достава ,шипинг нормално си платив па затоа не помислив дека и овде ќе наплатат.
Во Македонија ДХЛ се без осет малце, праат пари на ништо. Наплаќаат некоја си лежарина и не знам таму што.
Јас нарачав ама не живеам во Македонија. Нарачката се изгуби некаде во Америка им пишав меил и ми ги вратија парите назад на сметка за неколку дена.
Знам дека за Македонија има, пробај таму прати ги. Во случај да не ти стигне пратката многу се коректни, одма ги враќаат парите.