Здраво девојки јас имам добиено на подарок паричник 55$ купен од странство му стои и етикетата чиста кожа timberland па ме интересира дали во Ск постои некоја продавница или сл која би го откупила барем на пола цена?
Луѓенца, нека ми каже некој колку саати пред летот треба да бидам на аеродром. Еве конкретно авионот ми полетува во 13:10. И картата колку дена порано треба да ја чекирам?
Два дена порано чекирај се, види сигурно има онлајн чекин. А на аеродром најдобро е да бидеш саат ипол порано. И саат време е ок, ама не можеш да предвидиш секакви случки по патот. Од искуство ти зборам, мене ми има киднато авион за Америка
Од 8 отвараат, сум пиела јас кафе околу 9:30, додека чекав да се отворат продавниците, а еве и на сајтот пишува Кафулиња: 08.00 – 00.00/01.00
Дали доколку го изгубиш изводот од матичната книга на родени мора лично да поднесеш барање за нов или може друг да го стори тоа?
Мора ти лично да поднесеш барање. Доколку оди друга личност, мора да има полномошно заверено од страна на нотар.
Ден два пред летот можеш да чекираш. Види на картата или на еезервацијата бординг тајм, тогаш почнува качувањето во авион значи тогаш веќе треба да си веќе со оставен багаж, царина и пасошка контрола завршена. Нашиов аеродром е мал, два саати ќе ти бидат доволни во случај и нешто многу гужва да има... Мој совет два саати порано од времето на полетување.
@danichap ај ако го видиш ова те молам пиши ми лп, сакам да те прашам неколку работи ама неможам јас тебе порака да ти пратам
Јас прашањево го поставив во соодветната тема ама никој не ми одговара. Дали некој знае колку може да стое ликер кој содржи млеко мислам да не прокиснува тоа млекото. Јас утре ќе треба млекото да му го ставам а ми треба за викендот, ќе му се деси нешто?