Jас како што сум информирана и бебе дури смее да биде сместено на предно седиште, до возачот, се додека е исклучен аирбегот(транспортерите кои се во спротивен правец наместени) и има соодветно седиште. Изборот би бил на родителот дали ќе се одлучи на ваков чекор. Правилата за седиште важат до возраст од 12 год. и 150цм, односно од таа висина се наместени бебедносните каиши во колата. Под таа возраст соодветно седиште, односно транспортер, класично или од тие само за под газот кај поголемите деца. .
Ми стигна меил од нлб пензиски фонд за состојбата. Е сега колку што можам да видам имам уплати само од предходното работно место. За последниве две години како сум вработена нема ништо. И ова не можам да го разберам Дали ако сме осигурани со овие владини мерки не ни следува пензиско или како???
Колку што сум запознаена и лицата кои беа вработени од работодавачи баш по овој основ се осигурани имам другарка на која и тече стаж
На тел имам апликација Gmail дечко ми е најавен. Не можам никако да го одјавам за да си се најавам јас. Знае ли некој како може да го одјавам?
Утре треба да одам да се сликам за пасош. Треба да го продолжам .. И бидејќи ќе одам сама, кажете ми каде најпрво треба да се обратам? Т.е како е редоследот, постапката за ова? Колку се плаќа? Фала доколку некој ми одговори
Ако плаќаш со картичка застануваш пред врата за сликање со пополнети формулари и си чекаш ред, доколку не треба да ги имаш уплатено уплатниците.
Нема за приватни превозници. Еве, не можам да најдам за линиите 23 и 45, никаде не се спомнати. За нив беше прашањето.
Ако можеш пушти ја апликацијата JSP Live на мобилен е сега во линии ги немаш приватните оди во станици и најди ја таа станица на која би чекала автобус и ќе ти каже точно кога ќе дојде.Апликацијата е поврзана со табелите на автобуските што ги има. Spoiler: Слика
Има ли некој слушнато за компанија Премиум? 2 пати по ред ми се јавуваат за некакви награди добиени по случаен избор на телефонски број. Првиот пат не бев, еве сега пак ми се јавија. Што е финтата со ова ?
Женски пак јас Ме интересира како да си го вратам акаунтот на yahoo,знам дека можеше со алтернативната емаил адреса,ама јас глупавата го заборавив пасвордот на двете адреси. И сега чаре??? А несакам да правам нова адреса,имав важни мејлови на старава,ама не ми беше отворена некое време и заборавив се упм.
Да не имате идеа кај би можела да славам роденден?Ама ко журка да биде онака потинејџерски и да собира до кај 100 души максимум
Сдп дали некој има употребувано од оние таблети спирулина, каков ефект има и дали може на своја рака да се употребуваат? @Feminka22 направи свадба и роденден на еден трошок .
Јас си ги пијам нонстоп. Витамини суплименти како и да ги викаат, имав слабо железо и ми ги препорача докторката ама за се се многу корисни. Прочитај по интернетов за што се служат јас ти ги препорачувам ми го зголемија и нивото на енергија. Можеш на своја рака да ги купиш не ти треба препорака од лекар.
Конслутирај те се фармацеут за користење на спирулината.Мене ми рекоа,тие што имаат проблем со тироидната жлезда,да не користат.
да, @fallenangel се согласувам со Анаја1. Не би требало да пиеш спирулина доколку се немаш консултирано со лекар. Спирулината е богата со железо, но исто така е многу богата и со јод. Со консумирање на поголемо количество јод, се појавува проблем кај тироидната. Не сум сигурна дали се забавува нејзината фунција или се забрзува, но знам дека се појавува проблем. Имав колешка од работа, консумираше подолг период и потоа на два наврати се онесвести. И правеа целосно снимање, никако не можеа да откријат што е. Потоа излезе дека девојчето имала нерамнотежа со тироидната, ама толку малку, што не ни знаела. Со спирулината, ова поленка поленка, направило голем проблем. Знам и други примери кои консумираа спирулина, и се без никаква последица. Сепак, според мене е ризично.