Благодарам за информацијата, ама се надоврзав на прашањето на друга феминка за линиите 23 и 45, кои јас не ги користам. Како и да е, корисна информација, ќе се најде
Јас можам да кажам од мое искуство.Два пати ми се случи после земање на препорачаната доза,за кратко време,почнав да осеќам мачнина а после следуваше пролив и повраќање.Тоа толку беше страшно,што мислев дека ќе умрам.Јас со хормоните немам проблев,ама имам две чворчиња на тироидната.Аптекарката рече дека,тие што имаат таков проблем,не смеат да ја користат спирулината.
Афитос, Грција. Преубаво место, ако не си била ти препорачувам да одиш барем на шетање на еден ден многу е слатко градчето
Во план ми е некое местенце на првиот крак за овоа лето или Закинтос. Инаку на првиот крак мене посебно Ханиоти ми се засвиѓа една другарка беше, морето е преубаво ама ќе видам може и сите да ги прошетам помалку блиску се ако не одам на Закинтос.
Топло ти го препорачувам местово, само малку поскапичко е во однос на другите градови. Според мене е убаво да си сместен пример калитеа а секој ден ако имаш можност да одиш во околните градови на шетање бидејќи се блиску
Дечки, каде во Ск се продаваат грепки? Малку сум како падната од Марс, знам И вообичаено по колку грепки носите на свадба?
Каде во Скопје се наоѓа Chocol'Art и дали има некој јадено нешто од таму? Гледам на нивниот веб имаат торти,тартуфи,пралини и колачи кои изгледаат мнооогу вкусно.
Во Дебар Маало, на кружниот кај Кафе Круг. Кога одиш од Рузвелтова по ул.Орце Николов, ја одминуваш новата Боемска од десна страна, ја поминуваш и уличката кај кафичот Каза и влегуваш во третата што оди према кружниот. Од лева страна е слаткарницата. (Се надевам ме сфати, јас се по кафичи те ориентирам хахах) Инаку прееееевкусни им се и колачињата и тортите. Нема да згрешиш.
Кај мене во населба има и во книжарата грепки, а исто и по трафики. Сестра ми кога беше старосватица околу 30 мислам дека однесе.
И јас би ти препорачала да си го прошеташ првиот крак, многу се блиску градчињата, и не е скап автобус Мислам зависи каде одиш дека беше од 1 до 2 евра.
Да убаво е ханиоти али плажата е мн мала морето е преубаво посебно негде накај 11-12 сат на пладне бранови огромни.Убаво место со многу народ и места за да седнеш да пиеш кафе да јадеш.Искрено не ми се засвига што плажата е мала и не е многу чиста иначе се другото беше прекрасно. Полихроно е многу убаво и неа врасна било многу убаво.Муабетот ми беше да внимаваш во одлуката може си тип што не сака да се тутка на плажа и да прескокнува луге за да најде место
Важно ми е морето и да има за шетање навечер, да не биде без ич. Инаку за плажи, какви што има во Неи Пори големи до сеа не сум сретнала, башка и морето не е лошо. Само што нема ич за шетање, многу малку таверни има, кафичи, продавнички за сувенири и такви работи на прсти се бројат.
Да морето е најбитно и за да прошеташ навечер. Зависи какво место сакаш дали да лудуваш дали да одмориш мозок. Јас веќе од сега се мислам кај да одиме со дечкото