Јас имам уште едно прашање . Дали на фб кога ќе си го променам името и презимето, и ако некој укуца т.е. ме побара под старо име ќе му излезе профилот со новото име и презиме?
Има ли некој/а нарачувано преку фб од Perla shoes & bags, да ми каже за колку време по нарачката стига доставата, дали истата се доплаќа (и колку), и дали се плаќа на рака или се уплаќа негде (и каде)?
Нема таква опција колку што јас сум упатен,едино да го префрлат тој број во некој оператор,али пак нема да го добијат она што они го бараат. Мојте препораки ако сакаат роаминг нека си купат,број од Lycamobile најефтин роаминг имаат за во странство,со тоа што добиваат 8гб интернет.
Каде можам да купам сушена лаванда. Не мора да е пакувана, сама ќе си ја спакувам. Ми треба за да ставам во зимските алишта. Фала
Девојкии сакам да прашам (ако некоја од вас се разбира во шиење и кроење) дали овој фустан од големина Л ќе може да се стесни до големина С ? Се мислам да ја порачам од интернет, но имаат само Л...
Не шијам и кројам но по некоја логика моја мислам дека би се уништил фустанот. Гледам дека е со чипка, има набори па не знам баш колку би можело да се добие истиот модел.. Прашај кај некоја добра шијачка ако се нафати она тогаш пробај, ама ризик ти е.. Подобро сошиј си го или барај со твој број.
Јас имам два пати порачувано од Перла,само им пишав на фб, треба да оставиш адреса и телефонски број, ден-два по порачката ќе ти заѕвонат за да потврдат дека си дома, плаќаш на врата,а самата достава е бесплатна.
Дечки, носам фиксна протеза, и ми падна делче од жицата го голтнав несакајќи, што да правам? Мн.сум исплашена..итно е