@Antolinaa од Зегин кокосовото масло што си го зела, колкава грамажа е теглата за 219 ден.? Во DM мала тегличка од 220г. кокосово масло е 169 ден.
Девојки, дали некаде по пазариве се продаваат тањири (еднобојни-бели, коцка/квадрат модел ) но на парче, и ако знаете каде, која им е цената?
Можеш, но мора да дадеш и потпишеш изјава зошто го менуваш. Првин одиш на разговор кај началникот за да кажеш причина зошто го менуваш (немаш доволно страни, оштетен е пасошот и сл.), потоа одиш на разговор каде што даваш изјава и потпишуваш, со тој лист одиш повторно кај началникот и дури после тоа ќе се сликаш. Внимавај, доколку ти е оштетен пасошот, може да те тераат да платиш казна. Доколку е тоа во прашање, фати врски или оди со некој што ќе се разбере со вработените. Без оправдана причина нема да ти дозволат да го смениш.
Каква компликацијаа , па никАде не може да се патува ако е 6-3 при крај пасошот .... Моја другарка е вратена од на граница од Германија бидејки пасошот имал уште 3 месеци рок ....
Знам, ама ете. Пример, целава процедура со изјави и потписи е задолжителна, а причина за менување на пасошот е недоволно страни (конкретно 2 страни). Личност која има потреба да патува нареден период мора да го направи тоа, не дека своеволно дава пари за нов пасош. Другарка ти во Германија планирала да работи или да шета?
На пластичарска се продаваат на парче.Баш коцка се. Јас си направив сервис. И за сервирање тањири има. Малите (за салата за пред секого што стојат) се околу 150 денари (ама не ме фаќај за збор,лани ги купив) "Змијата" за мадлинки е 80 денари. Мали длабоки коцки се по 60 (за сосови). Многу избор и различни цени.
@referentka @Bozica1980 @Annath Да не ви го реметам редот во темата овде ќе си прашам. Мислам оти би можеле да ми помогнете. Случајно да не знаете сервис за перење теписи? И како оди со цени? Ако имате бројче би ве замолила да ми пишете во лп.
Дали има некој/а , што работи во банкА ( и слични институции) ? Доколку има нека ми пише во лп Однапред благодарам
Ми треба голема помош од сите вас.Кој ке ми помогне сите желби да му се исполнат. Ако некој од вас или некој ваш работи во Општина Аеродром ми треба за дозволи за градба ама со брза постапка да ни помогне. Ве молам акој некој има таков или познава пишете ми лп. Фала ви
Ми треба заболекар ама стварно добар за реставративна стоматологија во Струмица и плус да има и естетски способности (за надоградба на заби со композити без стругање на приридниот заб). Доколку некоја има искуства кај некој нека пише
Нели Ендомак има таму поликлиника? Томе Тасевски ви е најдобар таму за естетска и реставративна стоматологија. @Antolinaa еве
Уф, а како може да ги преземам сликите од телефонот? Дали може преку iCloud или некој друг начин? Пробав да се најавам на лаптоп на iCloud и ми праќа код на мојот број кој треба да го внесам ама немам телефон за да го уклучам бројот моментално.