Девојки и дечки, дали некоја од вас има купувано мебел и работи за кои треба посебен транспорт од JYSK во City Mall? Порано имав еднаш земено биро, ама беше релативно практично складирано и го донесов со кола. Арно ама, сега реновирам по дома и ми фатија око едни фотељи - сигурна сум дека ќе ги купам. Имаат ли транспорт за вакви работи, или ќе треба сама да си организирам? Ако некој има искуство, ве молам споделете.
13 од Дом на слепи станица 178 до Автокоманда станица 565 и потоа скоро било кој автобус за 2 станици од Алкалоид станица 566 до Михајло-Пупин 570. или 58 до веро џамбо, па потоа од нбрм втората автобуска со било кој што оди накај маџари/сингелич или 24 до центар рекорд па 50 до етуц Се мислам дека порано имаше такви по тезгине на пазар... Исто прашај шивач, се продаваа порано ад-хок. Не, јуск немаат никаков нивен транспорт, ниту соработуваат со некој што транспортира. Тие имаат бизнис модел каде што не им е таргет група популацијата што живее во близина и купува за семејни потреби и затоа не се ни замараат за толку, или воопшто да обезбедат превоз. Последниот пат кога земав монтажен кревет од таму, обезбедив такси превоз, ама во секој случај, ќе ти треба комбе/камион, снаоѓај се сама, продуктот ти го даваат на излез од складиште во сити мол. Немаат ни монтажа.
Дечки, над мене живеат жена и мало дете (3-4 години). Веќе цела една година немам мир од нив, започнувајќи од 7 наутро. Детето неописливо многу вриска. Не плаче, туку вриска. Најмногу на цел глас, понекогаш и по цели 20-30 минути. Јас да земам да врискам така и толку време, за кратко време ќе снемам сила. На врв на се', постојано се слуша тропање, што со нозе, што со предмети. Понекогаш се слуша и жената како вриска. Машки глас немам слушнато. Утрово околу 3 ипол се слушна ужасна бука, односно тропање по радијатор, а веднаш по тоа започна врискањето. Траеше до 4:15-20, тропање по радијатор, ужасно врискање и тропање со предмети по под (како да расфрла работи). Такви звуци, срцето ми се стресе од вознемирување. Мислиш ексорцизам се одвива. Почнувам да мислам секакви работи. Што можам да превземам освен директно соочување на врата? Немам докази, пробав да снимам, но микрофонот на телефонот ми е премногу слаб. Дали ако ги пријавам во полиција ќе има фајде (без докази)? Дали можам да викнам социјално, кои се критериумите?
Дали знаете како се движат цените за приватно сместување во Маврово и дали може препорака за добар приватен смештај? Благодарам
А за четворка? Елај си при нас. На Ума. Каминчето пука,винце има,диво ќе спремам. Туку кажи ми ,на Самсунг ј5 има ли опција за блокирање на одреден тел број само? И ако има,како ќе му кажува на тој што ме бара ,а е блокиран ? Јас ќе видам дека ми звонел? Еден куп прашања
Имам ј3 претпоставувам е исто. Тој што ќе те бара ќе му покажува цело време дека е зафатено кај тебе, додека ти кoга ќе ја отвориш листата на телефон каде си вртела последен пат тој ќе ти биде прв и ќе ти го покажува како пропуштен позив. Кога ќе го блокираш бројот бираш дали само позивите или и пораките да ги блокнеш.Извинете што се вмешав јас
Исто е. Имам ј5 2015 и ј5 2016 и како што кажа лост, така е.. Јас би дошла кај вас ама да не се изгубам по пат..слаба ориентација
За нов тонер потребен е моделот на печатачот. Цената е околу 1000 ден. во зависност од продавницата за техника.
Ќе те чекаме и на Валандовско брдо дури ако треба. Само ти елај си при нас Освен планина, друго обичаш нешто?! КазинЦе можда
Не бев сигурна каде да го сместам прашањево. Дали посебно се продаваат оние малечките мевца што ги има во готовите супи?