Дали некој знае како иде ова со купоните на алиекспрес? Има некоја новост од самиот сајт доделуваат купони, сакав да порачам подароци за другарка ми.
Каде точно има Еурофарм на Рекорд и Буњаковец? Треба да купам лек што моментално е достапен само на тие две локации, па да не лутам, туку на брзина да подзастанам со кола
На рекорд е во линија на Голден Роуз, после автобуската на ќошот лево пред главниот пешачки, близу до тоа 2 пици за 70 ден
На Рекорд е на сам ќош во зградата позади постојката од Карпош кога идеш Само таа аптека е од таа страна, нема да утнеш.
Ne e bitno sto kje napravis ako vekje ja pratis porakata i da deaktiviras viber porakata kje bide ispratena samo sto kje pisuva deka profilot e deaktiviran.
Најмногу гужва во возовите во текот на неделата има во петок, тогаш студентите си одат дома. Ако одиш релација Скопје-Велес, гужва во возовите има накај 16:00-17:00 часот тогаш обично вработените завршуваат со работа и си одат накај Велес. Без гајле блиско е тоа градче со новите возови ќе стигнеш за 45 мин, а со старите возови за 1 час
Бесплатни возови е до 27 години, бесплатно е во петок ама не секој петок во месецот. Не се сеќавам како беше точно мислам дека бесплатно е првиот и третиот петок од месецот, ама не ме фаќај за збор. Со сигурност е во петок, ама заборавив кој петок во месецот. Јави се на информации да те поврзат со македонски железници, така ти е најсигурно.
Најмногу гужва има четврток и петок. Бесплатни возења има секој четврток за студентите и секој прв и трет викенд во месецот. Секој втор викенд во месецот е бесплатен за пензионерите.