Никаде не пишав дека лажеш и слично. Пишав само од мое искуство и тие околу мене, не ти го сфаќам коментаров. Ако така ти правеле, користи го веднаш и нема да дојде до тоа. Не мора бурно да реагираш ако некое мислење или ситуација не се совпадне со твоето.
Дечки, дали има некој тука што кабловската му е на Телекабел да ми каже дали ја има телевизија Пинк и како да ја најдам?
Нажалост иако имам 3 рамстора блиску ретко ги посетувам. За едниот треба да влегувам во капитол, а другиве ми се во ново лисиче ама некако немам навика да одам. Рамстор го посетувам често само Сити мол кога се шетам и да сум приметил ова со поениве како исчезнуваат. Во Тинекс сметам дека ова дури е и нервозно. Ќе се дојде на каса и ако двајца пред тебе плаќаат со картица и земаат поени отиде пола саат. А голем број на луѓе кои имаат и тоа високи сметки како од пушка одговараат не собираме поени. Веројатно ги фатило нервоза од чекање претходно. Мајка ми има навика да пазари во Тинекс заедно со кучето Одиме често и Веро Џамбо и од таму собираме поени. Мене сепак некако КАм ми е најдобро. Барем кај нас во Аеродром секогаш имаат секогаш свежо и најубаво овошје. Мана е што исти производи ги продаваат со години. Да донесеа нешто ново ќе беше супер. А и навистина не се исплати ако е така. Ако добро пресметав за да се добијат 1000 денари треба да се потроши 140.000 денари или грешка сум некоја Тоа значи дека 140 пати треба да вртам на телефон и 140 пати некој позади мене да ме колне Ако е вака не се исплати Цениве на Кам им се навистина ок. Сијалица Осрам 100вати во Тинекс 29 денари. Во Рамстор 23 денари Потполно истата сијалица во Кам 16 денари. И тоа така со години. Ако е набавна цена 14 денари на сијалицијата тоа значи дека тинекс си става 100% ќар. само од една сијалица. Сега за време на пости Авокадо во Рамстор 382 денари. Во Кам 250 денари и тоа 100 пати поубаво. Незнам само кој им ги формира цениве. Ајде нека биде 10-20 па и 30 денари поскапо авокадото. Ама 130 денари е ненормално. Па исти е увозникот и на сијалици за сите. Исти е увозникот и на Авокадото за сите маркети. Ретко запазувам за цените. Ама некогаш кога ќе приметам голем ќар ставаат Рамстор и Тинекс. Ова на запад каде што имам одено Словенија и Италија го нема. Таму се оди на масовна потрошувачка а ќар не верувам да им е поголем од 20% по производ.
Турците им е во крв Да си поткраднуваат. 500 години што правеле на балканот. Поени да не давале случајно.
@Albertos КАМ преговара со доставувачите за да им дадат пониска набавна цена, затоа се поевтини КАМ. Немаат исти набавни цени со останатите маркети. Плус, некогаш толку ги спуштаат цените на некои производи што буквално ги продаваат по набавна цена, особено пред празници, кога знаат дека повеќе ќе се купува.
Ај за да не се карате до кога како зошто Ја чувам случајно сликава во телефон Инаку никогаш не ми се случило да ми снема поени
Како да исчистам сок од праска на душек?Нов е ќе ме иселат моите. Со детаргект и сунгер?Ел лепи ем е жолто
Прво исчисти со сјај за вагани ( мене најчесто прва опција ми е тоа) со вода на сунгерче тријај повеќе да излези тоа лепливото а ако остани флека купи средство од фармаси гледам вадело секакви флеки не сум го пробала лично ама ми го препорачале пријателки како многу ефикасно одма вадело се па сум во план да го земам и јас ( ете за такви случаеви)
Пробај и со оцет и сода бикарбона... мене флека од сокот од браво црвениот ми го исчисти.... а го имав и на хемиско чистење.
Со било каков оцет, јас со тој за готвење што е... малку да, ама ќе го измиеш со детергент, и така за неколку часа мирисот испарува....