Можеш. Ама не од Амазон.. ти ја блокираат сметката на Амазон додека не доставиш 101 документ а најголем дел нашите банки не ги издаваат. Чаршија, просветно дело, Веро, Рамстор..зависи од буџетот. Има секаде..
Грешка ме сфати, јас сакам да одам 2-3 дена во грција и јас ќе си најдам смештај таму но дали има превоз од агенциите
Од 1-јули агенциите почнуваат секој ден да имаат еднодневни тури до Грција . Цената е 500 ден повратна . Ќе си платиш 1000 ден и ќе те однесат понеделник пр , а ќе се договориш кој ден сакаш да те земат. Фактички плаќаш дупла карта . За одење и враќање цела . Така е бар во Гевгелија
Има начин . Ние раскинавме договор со кабелскиот оператор, исти проблеми што опиша ти,од 100 регистрирани канали околу 20 фаќаше. Треба во рок од 3 недели да поднесеш 3 жалби до нив во кој се жалиш од услугата и да ти стават печат, или преку пошта со повратница за да имаш доказ дека си им упатила жалба. После тие 3 претставки ќе отидеш и ќе бараш раскинување без пенали или во спротивно ќе ги пријавиш во агенција за заштита на корисници. И ќе видиш како ќе ти потпишат Ние требаше околу 6000 да платиме, поминавме без ништо. Среќно
Девојки, да ве прашам: Имам телевизор преку кој од телефонот можам директно да пуштам филм од некоја страна, но супер си се поврза сликата дојде на телевизорот ама преводот нигде го немаше. Преводот остануваше на телефонот, а сликата на телевизорот. Пробував менував различни големини на фонт дебелина ништо... Има некое решение?
Името на филмот мора да ти е исто како името на проводот за да ти се прикаже на тв. Копирај го името на филмот, избриши име на превод и paste. Ќе ти се јави во следниов формат пр: име на видео: Game of thrones s01e05 превод: Game of thrones s01e05.srt
Во Скопје со картони, на клиника е 80 денари. Обично вадење заб. Приватно или кај специјалистите со фонд што имаат договор, не знам точна цена.
Фала ти, за Битола прашвам конкретно шо е, мислам дека имаат договор со фондот, во уредот шо се наоѓа орална хирургија. Јас во секој случај ќе носам пари ама секогаш ме копка нешто да не не е случајно доволно.