Ти кажа Мишела. Јас само да ти кажам да не зимаш од оние најобичните. Земав такви и се искинаа. Стаклените се малку поскапи, ама ќе ти траат.
Прашањево ми е чудно ама морам да знам. Каде и како низ Скопје да фатам водени жаби, како лигави едни? Или дали евентуално знаете некој што би можел да ми фати?
Alka Complex после Долно Соње, види на фб. Интересно поодалечено место, базенот не е многу голем, храната е вкусна, прават убави пилешки прсти. Горе долу исти цени се како и во кафичи. Ако го користиш само базенот и лежалка се плаќа 500 ден. влез, а доколку земеш нешто за јадење/пиење влезот е слободен, а лежалката се плаќа 100 ден. Во работни денови нема гужва, а за викенди не сум била.
1. Затворен е freeshop-от на Македонско-грчка граница? Пред некој ден ко да видов казино на негово место... 2. Ги има кај нас IQOS електонските цигари на Philip Morris?
На кој модератор/администратор да се обратам, бидејќи приметив една членка што претпоставувам дека е трол по мислењата, и има ставено слика од друга личност која мене ми е позната од видување. Не верувам дека личноста која го користи профилот и личноста на сликата се исти, бидејќи судејќи по никот немаат исто име, а и очигледно се работи за личности од ист град. Па нека се разгледа профилот, ако е трол да се банира. Само кај кој да пријавам?
Не што се кинат, туку и се виткаат кога се става топла или врела шолја над нив. Плутени и јас избегнувам, имам дрвени како решетка и стаклени. Се согласувам дека стаклени се подобар избор иако се малку поскапи. Незначително е тоа, со оглед на фактот што многу долго ќе ја служат ако одбере такви.
Да, и се виткаат и апликацијата одозгоре се одлепува. Јас моите ги фрлив. Не сум бил во Џамбо, ама следен пат ќе купам од стаклените. Барем знам дека ќе траат.
Извинете незнам дали е ова пρашање за туκа аκо тρеба неκа се пρемести само неκоја женичκа од сκопје неκа ми помогне ви се молам ми тρеба добаρ најдобаρ адвоκат од сκопје јас сум од гевгелија ми тρеба за пρоблем со бугаρсκа κола и нашата полиција ви се молам пишете ми неκој бρој незнам κај да се обρатам не познавам ниκој
Каде можам да купам млеко од бадеми ама да не е скапо? Во Рамстор е 200, а во Сити Мол 160 така нешто.
Овде ќе прашам бидејќи не знам каде треба. На купен лаптоп со инсталиран Windows 10 Home има и инсталиран Office 2016,но не е активиран,бара product key,но тоа не го знам,никаде не го пишува ! Може нешто да се направи или не ?
Да ве прашам знаете ли некаква програма за креирање на видео? Пример вметнати слики и клипчиња и на крај видео со песна во позадина да си направам
Дали има некој искуство со вакви плетенки со вуница? Во домашни услови? И дали има вуница во две бои?
Оваа фризура е демоде од пред 10 години другарка моја правеше, одзема многу време и за хигиена е безвеза, треба да ги пуштиш за да ја измиеш косата.