Мене не ми се па ич сигурни вакви апликации. Ако веќе си ја симнала, пробај на некој дома брат/сестра да видиш дали ќе му стигне известување и дали ќе ти ја даде неговата точна локација.
Дали некој има искуство со пазарна инспекција и агенција за заштита на правата на потрошувачите? Ме интересира дали вреди воопшто да се нафатам на таков чекор. Имено, се работи за оштетена роба или при транспорт или препакување на стара роба. Ми дадоа документ, т.е испратница на која се согласувам дека производот е во добра состојба и неоштетен, меѓутоа само што си отидоа јас тогаш увидов дека производот е оштетен. Колку време треба да чекам да ми дадат одговор за замена или враќање на средства, за да одам во пазарен инспекторат и да поднесам жалба. Инаку, не беа поминати ни пола саат откако се јавив во продавницата. Сега чекам одговор, живеам под стрес и агонија, затоа што даваш пари а те прават мутав и ти увалуваат ѓубре.
Тие имаат твој потпис со кој потврдуваш дека си ја проверила состојбата на робата и е во ред. Џабе ќе се жалиш, тие ќе се вадат на потписот.
Колку можам јас да видам дали е се во ред за 5 минути?!?! Јас за помалце од пола саат веднаш се јавив на доставувачот дека има дефект на производот, тој не се врати и веднаш отидовме во продавницата жалба да поднесеме. Што сум направила за 20 мин, да ми паднал цел ќе се искршел, туку ова се гледа дека е набиено. Башка законот за потрошувачи нагласува дека мора да ми одобрат враќање на производ до 15 дена, па макар и за банална причина како боја, форма и големина. Јас зборувам за физичко оштетување на истиот. Инаку и на нивната страна во политиката им стои дека лицето е обврзано да ја потпише испратницата, испаѓа дека по секоја цена треба да потпишеш иако си незадоволен. Незнам што да правам...
Јас знам и ти верувам знам како се чувствуваш и имаш право. Но гледано од законска страна ти не си во право. Обврската да потпишеш е начин на подметнување. Жал ми е
Реалноста од твоја страна е тоа што е. Ти знаеш дека е така како што е, но... Не можеш да објасниш, односно - да докажеш дека е така. Законот признава само документи, за жал... Во денешно време, ако се изврши грабеж на продавница, а притоа постои снимка од камери, тоа нема да се смета за доказ =) Значи, гледаат како крадецот влегува, убаво се гледа и лик и како си работи... На крај нема да признаат дека е точно. Треба да го држиш додека чекаш да дојде полицијата. Притоа, не смееш да употребуваш ниту минимална физичка одбрана, во спротивност крадецот има право да те тужи за малтретирање/физичко насилство. Тоа е... Затоа треба многу да размислуваме како и што потпишуваме...
Сакам да објавам оглас на Пазар 3. Што треба да внесам во полето со ознака CVC2/CW2 за да го платам огласот?
Можеби и не треба да прашам вакво нешто тука,но многу ми е битноо луѓе некој од вас да не го знае газдата на ресторан дион да ми пишее ве молам итно е.