Не знам да ти кажам, ама врти на телефонот цело време, пробувај и ќе ги добиеш. И јас така минатиот пат, зафатено им беше, па по некое време ги добив. Туку да прашам, сте нарачувале нешто од еBay? Дали сте задоволни? Во споредба со Алиекспрес?
Обично денар ипол до два е една страна,зависи колку е голем учебникот толку ќе те фати.И за укоричување околу 50 денари.
Зависи каде и како.Мене збирка математика на дупло ми ја принтаа (на еден лист 4 страни) за 150 ден. Накај 150 ќе те фати сигурно.Зависи од копирницата, дали сакаш во боја, укоричено
Укоричено да али во боја не треба . Фала многу , вероватно ќе ме фати 200 -300 ден , преку 200 страни се книгите
Дали е изгубен учебникот? Ако е изгубен не ти се исплати да го копираш во боја.Ќе мора на крај на годината пак да се плаќа, копијата не ја примаат.Мене што ми фалеа некои 20на страни го платив цел учебник накај 200-300 денари.. Поисплатливо е црно-бело пак е некоја поевтина варијанта.Сепак е ова мој совет ти си знаеш најдобро
Се собираат 3 месеци пример септември октомври и ноември, и после одиш во декември и ќе ри кажат колку имаш собрано за тие 3 месеџи и можеш да ги користиш...
Едно мутаво прашање: На странава од Зара има или нема опција да видам од што материјал е направено нештото? Гледам, гледам ама или недогледувам или нема.