Што оперативен систем користиш? Ако си на виндоус, кликни Start, пиши Device Manager и кога ќе ти се отвори кликни на Network Adapters и ќе ти се отвори една цела низа на драјвери и направи принт скрин на тоа и пушти овде да видиме што е проблемот.
Не сум сигурен дали ова Realtek ти е вифи адаптерот или немаш вифи адаптер. Ај принт скрин од целиот Device Manager, да не случајно ти е на друго место. Имаш драјвери за лаптопот? Ако да, можеш анинстал да му направиш на ова Realtek. Ако не, ќе треба прво да го најдеш драјверот.
@Gosh , во Other Devices имаш едно Network Controler што е неуспешно или проблематично инсталирано. Претпоставувам дека тоа е твојата вифи картичка. Направи му Remove на тоа, и потоа десен клик Scan for driver changes и пак ќе ти ја најде и постои мала веројатност добро да ја инсталира автоматски. Ако не, ќе треба да видиш што модел ти е лаптопот па на основа на тоа да бараш драјвери (од официјалната страна на производителот најдобро), да ги симнеш и мануелно да му кажеш од таму да ги инсталира драјверите. Сори што морам да спијам сега пошто утре сум прва смена... со среќа и лесно. п.с. Еј а да не ти е Recycle Bin ставен доле десно на десктопот до вифи мрежата? Ај стави го скроз горе лево, пошто може од кантата да ти се инфицирала мрежата па затоа да не ти работи Добра ноќ
Можам ли на сред семестар да се префрлам на друго место на студи,на УГД и од земјоделски пак на истито и факултет и универзитет?
Дали некој патувал во Белгија скоро? Свекрва ми ќе оди и ќе носи две штеки цигари, сакам една и на маж ми да пратам оти таму ќе се видат на некој ден. Јас знам декс ограничувањето е една, ама таа ќе носела една во рачен и две во чекиран, не знам што да и кажам, дали да ризикува или да земе само една во рачен и една во чекиран.
Дозволено е само една во чекиран,во рачен една до две кутии Може да ризикува но ако ги најдат остатокот ќе и ги земат
Сакам да ве прашам нешто. Дали познавате некое девојче/жена што шминка и прави невестински фризури, ми треба за мојата свадба да ме шминка и да ми прави фризура, на мене и уште неколку други. Но да доаѓа дома со тоа што се работи за во друг град???? Превозот би и бил платен.