Тогаш да ти препорача некој некоја по-непозната. Од Зорица добиваш услуга како од Шурбевски, а Шурбевски за испод 500 е не мрда подалеку. Мислам дека она зима само за патот, останатото е истата цена што и е тука, не наплаќа саатнина.
На моја блиска личност и пишаа казна летово за поминување на полна линија, казната си ја плати. Но деновиве и стигна покана за појавување на суд во Март, прашањето ми е дали е повикан за одземање на дозволата или?
Ми стигна вакво нешто на мејл и го отворив. Немам Iphone немам ништо нарачано а ми стигна ова, да не е некој вирус? Пробав да ја откажам нарачкава ама немам Apple ID.
Повикан е за да се донеси одлука дали ќе му ја земат дозволата и на колку долго. Ако тоа сеуште важи мислам дека самиот може да се договори кога сака да му ја одземат дозволата, немора одма. Ама затоа е битно да се појави.
Не знаев каде па ај тука. Дали електронската здраствена картица е со рок на траење? Некаде прочитав дека е,и ако некоја менувала или продолжувала важност каде и како се прави тоа? И исто ме интересира дали при избор на матичен гинеколог ти ја бараат електронската или само те запишуваат во систем? Фалаа
Да, има рок на траење, пет години од датумот напишан на самата картичка, на предната страна во долниот лев агол. Ако е со истечена важност, само со лична карта/здравствена книшка се оди на лекар. Кај матичен гинеколог/лекар/стоматолог се запишуваш со картичката ако е важечка, ако не, само матичниот број им треба за да те внесат во систем кај нив. Нема нови електронски здравствени картички, засега.
Фала ти премногу! Имам уште едно прашање. Јас сум невработена ,па сакам да се осигурам преку сопругот. Он работи,која е процедурата? Фала уште еднаш
Не е ништо такво. Нашите државни установи се спори и никакви. Тие од полиција немат ни видено дека е платена казната и ја имат пратено на суд. Ако си ја чува уплатницата дека ја платила казната, нека оди во полиција, нека им ја показе и се ке биде во ред. Јас така како студент ми пишаа казна за фрлен отпушок. Можев да бирам дали ќе платам казна или да одработам општокприсна работа за таа сума. Одработив и пак ми сигаа опомени како да не сум пдработила. Се изнашетав од во полоција, па во општина, па во паркови и зеленило, министерство за транспорт и врски... де доека на сите не им однесов потврда дека сум извршила општокпросна работа за да престанат да ми праќаат посма со опомени и судови. Ако казната сум ја направила во 2012г. мене во 2016г уште ми стигаа писма дома. А сум ја одработила казната уште во 2012.
Ама кај тебе друг бил проблемот. Кога се работи за возачка дозвола и покрај плаќањето на казната, можат да ти ја одземат и дозволата на определен број на месеци. Кога те канат на суд, всушност тогаш носат одлука дали ќе ти ја одземат и колку долго. Значи плаќањето со одземањето нема врска, неможеш со едното да покриеш за другото, а ја земаат во зависност од тоа колку голем бил прекршокот. Затоа најдобро е да се појави на закажаниот термин и ако не друго, барем ќе се договори во кој период да му ја одземат, на пример на зима кога најмалку ќе му треба. А да, и плус ќе си дoплати околу 2000 денари за судски трошоци. @lost123
Можно е да е поинаку. Не сум возач. Само кажувам од она искуство што го имам јас со казни и покани за на суд.
Зошто толку рано му ја пратија? 4 месеци однапред за на суд? Хмм секако ќе се појави само прашањето ми беше дали ги повикуваат само за одземање дозвола бидејќи казната ја плати веднаш.