Пробав да се најавам тука, но напишав погрешен email, и сега не можам да потврдам. Пробав се од почеток, но не ми дава, пишува веќе сте регистрирани. Чаре ?
Може сум крајно досадна бидејќи ги имам 100 пати спомнато ама провери ги Ања апартманите, ама тие што се во Центар, не Бианко.. И Calla Bella Residence исто се централно лоцирани а цените им се исто околу 16 евра од ноќ за двајца
Ѕвониш на 185 и го доближуваш телефонот до уредот за плаќање. Инаку од Рекорд те носат и 64А и 15 покрја другите што ти ги кажаа.
64a не стои на рекорд. @Sfera 15ка стои како што кажа Феминка, стои и 15А ама таа оди покрај Влада на РМ и последна станица и е Сити мол
Бидјеќи прашуваш за од ГТЦ постои и можност да си земеш електронска картичка (тнр. Скопска каритчка - неперсонализирана т.е. без фотографија) која освен што има неколку вклучени возења, подоцна можеш и да ја надополнуваш со едно, две, десет или повеќе возења. Во подрумот од ГТЦ делот каде што поминува долу улицата, има билетара на ЈСП, но работи само 06-19:30ч. работни денови (недела мислам не работи, а сабота отприлика до 14ч.) Кога се качуваш во автобус само ја прислонуваш на читачот 1 секунда, ќе титне и ќе симне 1 возење.