Работен е. Но, во Скопје се прашувам како ќе стигнеме на факултет, на работа и слично? Зашто уште во 7 сабајле ќе бидат затворени улиците. ,,Папата Франциск ќе ја одржи мисата на плоштадот Македонија во Скопје во 11:30 часот на 7 ми мај. Во литургискиот простор ќе можат да влезат само граѓаните со обезбедена влезница од Католичката црква и документ за лична идентификација и тоа само во периодот од 6 до 9 часот, по што пристапот на плоштадот ќе биде забранет. Ова се само дел од деталите за историската прва посета на Папата во земјава, кои денеска ги соопштија премиерот Зоран Заев, бискупот Киро Стојанов и државниот секретар во МНР Виктор Димовски. Учесниците на мисата треба да пристигнат во Скопје најдоцна до 6 часот. Потребно е да се пристигне во ова време заради безбедносните прегледи кои ќе се вршат на патиштата, а од 7 часот улиците во централното градско подрачје ќе бидат затворени за сообраќај. Влезот во литургискиот простор ќе биде отворен од 6 часот, а до 9 часот сите пријавени учесници треба да се наоѓаат на плоштадот." https://kurir.mk/makedonija/vesti/eve-shto-smeete-da-pravite-na-denot-koga-kje-dojde-papata/
Другарка за празнициве е дојдена во Мк, понеделник сака да оди до Шутка. Дали работи пазарот и продавничките, знаете?
За кој месец? Ако прашуваш за априлската плата, јас еве не сум зела. Треба на први, ама пошо и тоа е празник, не знам дали ќе биде на 30ти април или 2ри мај, ќе видиме. Дел на рака не земам. Инаку знам случаи каде и по цел месец се доцни, па ни мартовската не ја примија пред Велигден.
За априлската прашувам. Мартовската ја дадоа уште пред да помине месецот без причина, иако беше најавено дека ќе биде помеѓу 1-5 април, па моја претпоставка беше дека тоа им било план и за април, дека сепак празници. За цела плата, ај и онака... ама па бар делот за на рака, месецот секако е одработен, освен нели, овој вторник. Земам и дел на рака јас, затоа да си прашам како е кај другите.
Ако мислиш за платата за Април има и тоа многу што немаат исплатено...Не секој исплаќа плата пред време( и еден ден да е во прашање). Платата за Март законски треба секој работодавец да ја пушти до 15ти во месецот...но и ова многу не го почитуваат, а кешот на рака е добра волја на работодавецот
Некои сами на себе не си пуштаат плата пред време, не па на работниците. А и законски е до 15ти, сеа ако ти си ги потрошила парите, а празници се, here nobody cares...
^^ За нив не ме занима. Што сакаат нека си прават со својата фирма и плата. Работам исклучиво за себе. Прашувам чисто да видам какви карактери на газди има кај нас. Они ми се непресушен извор на оговарање. Среќа па имам дополнителни приходи настрана од платата, на платата да чекав, ќе дочекав.
Ретко кој газда не е себичен да речам...посебно тие што даваат дел на рака... На претходното работно место газдата имаше во предвид празници,така посуеверен беше па пред секој празник ќе пуштеше плата или кеш на рака доколку е измеѓу период, ама па онака што да кажам... Сега кај што работам толку не се зема во предвид ни празник ни делник. Секој си гледа своја работа. Плата секогаш на одреден датум. Еве јас конкретно немам земено плата за Април.
Итно ми треба одговор, каде може да отидам денес на стоматолог? Цека ноќ не сум спиена и имам не поднослива болка. Каде да отидам на дежурен?
Оди кај тој што ти е матичен, на вратата сигурно има оставено телефонски број, ќе му ѕвониш и ако е во можност ќе дојде. Барем мојот стоматолог работи така, не знам за твојот.
Ве молам, некој ако ги познава луѓево да каже во што роднинска врска се младоженецот и девојката во тегет фустанот?