Пријави дека ти е изгубена, јас во пошта ја заборавив еднаш и одма другиот ден ми ја донесоа дома, како може од банка да ти ја изгубиле, не е играчка лична карта со сите податоци туку така да ја изгубат
Друго е ТИ да ја ЗАБОРАВИШ, а друго е ДРУГ ДА ТИ ЈА ИЗГУБИ. Зошто она да плаќа трошок за туѓо невнимание?
Дека сè професионалци неизгубени вработуваат. И' ја дадов на шалтер и кога тргнав да си идам ми ја снема после магично.
Да се заканиш дека ќе ја пријавиш вработената, одма ќе ти ја најде. Не може лична карта да се изгуби, документ за идентификација е. Друго, освен за копирање при поднесување на барања нема што ни да ти ја зема. Јас би ги дигнала во воздух сите.
Е, па друго е ама па демек се е фер во животот па и ова , нека им ја бара таму штом им ја дала , јас не би заминала додека не ми ја дадат секој што сака може да направи со лична карта па после сликај се...каде може да ја изгуби за толку кратко време освен ако не и ја земала намерно , свашта има денес
А, бе правило е при секоја услуга од банката секој клиент да приложува документ за лична идентификација. Тоа ми е разбирливо. Не ми е разбирливо во метар место да ми ја изгуби. А, каде да ја пријавам освен на раководител? @Tea678, не заминав. Скоро два часа останав. Ја немаше. Ја барале и отпосле. Ја нема сè уште.
Кога примети дека ја нема не се врати да проверите со службеничката да не паднала некаде меѓу шалтер, ваму таму? Не сум слушнал вакво нешто до сега..
Документ на увид, да го погледне и одма да ти го врати. Да покажеш дека си ти. Со твои лични податоци нема право да располага.
Ако вадиш пари од трансакциска приложуваш и л.к и кога ќе заврши работа ти враќа све заедно, трансакциска л.к и парите.
Работава е шо дојдов на ред, им кочеше софтверот, ми рече да седнам, во меѓувреме други клиенти си услужуваше... и кога повторно дојдов на ред, си ја барам л.к, ја нема...
Личната карта во тебе беше цело време? Да не ја тутнала со други документи док ги услужувала другите?
Ова ме потсеќа еднаш кога ми го изгубија индексот на факултет и демек сите барале не знам што, на крај демек го нема и јас крива а немаше врска , толку ме фати нервоза што им влегов во кабинетот за студенски прашања и одма го најдов и уште таа ми коментира леле стварно ете го, а пред тоа како така сум влегла кај нив, колку и да бидеш културен некогаш треба и некултурата да ја покажеш.
Па, бараа као у документи. Останале отпосле уште два часа на работа. И вистина е ова, поминав оттаму, уште светеше после работно време. Вчера бев, пак бараа сите. Хаос...
Не се летајте по вакви купи продај страни на фб. Купи си од продавница, бар и ако е 1.000 денари поскапо. За да не излезат непријатни ситуации доколку патиката не е тоа кое што си очекувала или се скине некаде по првото носење.
До сега ќе отидеше на кожно и ќе ти извадеа. Само камерите се спас. Барај да видиш од камери. Мене сличното ми се случи во перална на Илинденска, па среќа имаат камери па се реши работата.
Ако бараш обичен градски за од овде до онде - агротехна. Мм ги гледаше деловите и се сосема во ред за таа намена.