Дали ако сум на претплата и имам бесплатни пораки и јавувања , пораките важат и за во странство или само за во Мк се бесплатни
Според мене вредат за секој денар. Имам 2 пара, едните се како апостолки со ремче позади и ги носам веќе 7 години (оваа година ми здосадија па одмараат во плакат),а другите како рамни сандалки и во супер состојба се веќе 4 години Многу ми се згодни и за на плажа и за шетање. Годинава купив и Crocs сандали ( не од оние класичните нивни гумени кломпи, туку баш убав модел) и сум воодушевена од удобноста. Не сум сигурна само дали има Крокс во Македонија.
Најубава марка за летни чевли. Уште од мала се такви купувам дали апостолки или сандали т.е и моите ми купуваа како дете и дефинитивно се квалитет. Ќе ги изнаносиш со години.
Да, дефинитивно. И вредат, и удобни се, и квалитетни. Имам и сандали и апостолки, со години ги носам и исти се како кога ги купив
Има штандови насекаде по трговските (Сити мол, Рамстор, Зебра), а последниве години ги гледам и низ спортскиве продавници, конкретно последно во Спорт Вижн во С.Мол видов Ипанема производи. Цените околу 1000-ка се движат (зависно од производот). И за малата имам земено сандали дури, супер се