Телефон на сервис мора да се носи баш кај овластениот сервисер или може и на друго место? Стакленцето од камерата ми се искрши и нели тоа и онака не спаѓа под гаранцијата, дали може да го однесам и на друго место да се смени? Цената сигурно е иста, или не?
Се регистрирав на една страна со е маил кој го направив само за таму, проблемот е што бришев 'history'' и ме одјавило ' а сега не се сеќавам баш како беше, само пасвордот го памтам, прашањето ми беше, постои ли некаква шанса да го најдам емаилот како ми беше, има ли некоја опција или да не пробувам џабе?
Им се заканив со адвокат каде дојде на лице место и на крај и газдарицата дојде и таа дрска, среќа се нафати да ми го искорегираат како што треба.
Девојки јас со едно смешно прашање. Ве молам ако мислите дека не смее вакви работи на форумов ке го избришам одма. Другарка премногу е "затрескана" во еден келнер од Енрико (лептокарија). Секој ден скоро оди таму за да го види, но многу е срамежлива за да му прозбори. Не знае ни како се вика. Дали некоја од вас познава некој за да ни помогне барем да го најде на фб или инста, вика така ке и било полесно да започне комуникација.
Одете заедно во обратна смена од неговата и прашајте некој негов колега. Башка шо тој колегата ќе му каже и можда тој самиот ќе и пише.
A scanned copy of the cardholder’s credit card statement with the Qatar Airways transaction . Дали знае некој што точно се подразбира под ова?
Можеш во било Кој сервис, цената зависи од едно место до друго. Би ти рекла да обрнеш внимание која мобилара ја бие добар глас, да не биде пресудна цената. Распрашај се по твојот град кои се меѓу подобрите сервисери.
Копирницата на Московска карши Студентски знаете коа отвара од сабајле? Или после ресторан Olive на Париска таа? Морам утре од сабајле нешто да испринтам а тие две највеќе ми одговараат.. Или во Лептокарија некоја пред 8 што отвара?? Итно
Здраво, си купив телефон Samsung A20e, а на претходниот телефон(LGl70) картицата ми стоеше од позади значи од Tmobile ми е бројот и е поголема картицата, а сега на овој Samsung има од страната едно се вади и за 3 картици е и не ја собира мојата. На инструкциите пишува дека може да се отвори и капакот од позади за да се стави картицата мислам...Цел телефон го средив уште ова со картицата ми остана ! Што да правам?
Јас да прашам околу полнење на нов мобилен. Има ли вистина во тоа дека ако ја испразниш целата батерија, па ја полниш 12часа, поиздржлива е или нема врска ?
Баш прашав другар што се бафта со ова, ми вика новиве батерии немаат потреба од тие метании ко што се праеше порано
Темата руски јазик не е нешто активна па да си прашам и тука Курсеви по руски во Скопје ама попладне каде има? Не ми е битно дали се плаќа или не. Ми се учи, огромна желба ми е