Дали се оригинални патиките од фб страните што ги продаваат? Многу е разлика во цената од СпортВижн и тие на страните што ги продаваат. Не сум нарачувал така до срга, па ми треба совет или нечие искуство...
Некој да не има искористено карта за Cineplexx од наградната игра на Кока Кола што беше? Да ми каже дали важи и петок и дали треба таму на каса да ја пријавам?
Пасошот ми истекува на 10фебруар , вчера се сликав за новиот , а моменталлниот не ми го одземаa сеуште , ме интересира дали може да одам со стариов пасош во Германија некаде околу 10јануар и ќе се вратам веднаш за една недела , дали ќе има проблем.. Читав дека имало одреден период до пред истек на пасош до кога смеeш да патуваш
Па до 10ти Јануар ќе ти биде готов новиот пасош. Инаку со сегашниов не би поминала. Минимум 3 месеци рок пред истек треба да е.
Сакам да прашам како можам да ги симнам прашањата за возачка дозвола? На страната нема некое копче за да се симнат или испечатат. Или пак дали некаде се продаваат прашањата?
Не знам дали ми е за тука прашањево ама ај... Дајте ми предлог книга за подарок за 11 годишно девојче
Нема да е , тек по 15 ми кажаа , премногу гужва имало па и со празниците споено се . Фала за одговорот.
Ако под напишаното во друга продавница мислиш на друга продавница на Стружанка, на пример си купила производ од Стружанка во Центар и сакаш да го замениш во Стружанка Буњаковец пример не може. А ако си купила производ во Стружанка Центар таму можеш да замениш производ со друг со фискална сметка.