Доколку добијам стан на поклон, но се испокарам со тој што ми го поклонил (катастерски е на мое име) дали тој некој може по судски пат да ми го земе... но, да се разбереме пола стан е платен од мои пари...
Некој што бил Кападокија да ми каже колку чини летање со балон ? И кој период е најубаво да се посето таа дестинација
Зависи како е пишан ако е како подарок може да го земе ако е пола твои пари и сте двајцата на имотен лист ќе се дели
Не сме двајцата на имотен лист, јас сум на имотниот. На купопродажниот договор за станот го има и другото лице...
Дали има некои екстра попусти во сити мол викендов? И во кои продавници има попусти? Воопшто во сите молови.. тенкс
Излегоа резултати, доделена ми е стипендија. Следно треба да испратам договор за стипендија и копија од трансакциска сметка. Тоа ќе го направам во понеделник преку пошта. Ќе испратам како препорачано писмо. Е сега ме занима, кога отприлика ќе ми ги испратат парите и дали сите наеднаш ќе ги добијам или како? Прв пат аплицирам, не ги знам работиве...
Сакам да пробам хумус, некако многу вкусно ми изгледа кога ќе видам печен интегрален леб, хумус, и краставичка одозгора ама појма немам од која фирма и од каде. Па ајде ако имате предлози. И цена спомнете ако памтите, да не ме удри шок кога ќе тргнам да го купам па да се предомислам
Имаш во КАМ, околу 90 денари е тегличка. Во делот кај што има кечап, мајонез и слично, нема шанси да го утнеш. Е во КАМ има само обичен, по големите маркети има со додатоци.
Имав картичка од НЛБ земена преку Вип за исплата на телефон, го исплатив и ја вратив картичката во банка да ја откажат по што не ми треба, имам од др банка. Дали се плаќа нешто за предвремено откажување?
Јас би ти го препорачал хумусот од Кибела(посебно тој со семки од тиква), не е органски но, мене ми е повкусен отколку органскиот во КАМ. Го има во Стокомак(85 ден) но, и во Тинекс, Зур.. (околу 95-100ден) во отворените фрижидери кај млечните производи.
Ако си ти на имотен лист може со опција ако плаќал па да има докази уплатници нешто такво па да тужи па да докаже за да земе половина ако е платен пола пола
Стокомак има два вида. Еден со семки од тиква ако не се лажам и вториот ако не беше нешто со леблебија. Мене ми се убави и двата. Еден е со жолта паковка, другиот со зелена. Видов сега и во Рамстор би требало да го има. Првиот пат кога пробав ми беше мех, ама после повкусен ми стана