Здраво дечки, од социјално ми бараа потврда од факс како редовен студент за здраственото осигурување, но поради границите не можам да појдам да извадам, а бев осигурана преку татко ми. Однесов некои документи во социјално, ми кажаа дека е средено и дека самостално сум осигурана. Кога прашав дали треба да одам во завод да се пријавам како невработена од социјалното ми кажаа дека тие не зависат од нив. Прашањето ми е дали е некој запознаен со тоа, дали има некои нови закони? Бидејќи јас не сум се пријавувала до сега во завод и не знам под кој основ сега ќе имам здравствено осигурување.
Ако веќе имаш самостојно здравствено осигурување, не ти треба да се пријавиш во завод за вработување. Одвоени се, не зависат еден од друг.
Фондот за здравство и заводот за вработување се две различни институции. Порано, автоматски со пријавувањето како активен барател на работа, си добивал и здравствено. Сега треба да се пријавиш дека не си здравствено осигуран во фондот, а ако бараш работа да си се пријавиш и во завод за вработување.
Каде можам да најдам во сити мол долен дел трењерки освен во оние спортските и долен веш само да не се ептен оние брендираните некои со пристапна цена фала
Koton, Waikiki, Calliope, Terranova. Секаде има тренерки. Туку, викендов што ќе биде без ддв, ќе важи тоа за облека? И дали ќе биде 5% или 18%?
За колку време стигаат девизни средства пратени од странство на македонска сметка ? Вчера ми имаат испратено пари а еве сеуште проверувам на Мбанка, ми покажува дека немам ништо на сметката.
Vo cineplexx само на билетара се купуваат карти моментално? И ако да, колку време пред филмот можеш да купиш карта најдоцна
Се јавив во централа, ми рекоа после 15h, уште не биле прокнижени. Само што проверив на мБанка, легнати се.
благодарам многу но дали знаеш за долен веш каде можам да најдам секаде каде што имам влезено сите се со ненормални цени барем со пристаона цена освен што е сара фешн