Каде можам да ги купам потребните обрасци за запишување и заверка на семестар, во случај на факс да не работат? И да е некое место што отвара накај 8-9 сабајле.
Не знам на кој факс си, ама на мојот, на Медицински, продаваат во трафиката кај Рептил, и од сабајле е отворено.
За да се вработиш како приправник кај адвокат дали мора да имаш завршено 3 год на правен факс(дипломирано) или може и во текот на студирањето да се раб тоа и да се зема плата?
Зависи од адвокатот, може да те земе и за време на студирањето, но плата нема да земаш. Може да ти дава тој нешто ситно од драга волја, но тебе тоа ти се брои во стажирање за полагање правосуден и тој не е обврзан да ти дава плата.
Јас сум од помал град, па само отидов во матично им кажав дека ми треба извод, таму потполнив барање со податоците и ми го дадоа за неколку минути.
Може некој точно да објасни каде се наоѓа управа за водење матични книги во Скопје т.е. од каде се подигнуваат изводи? Фала.
девојки дали сте запознаени за платежните картици од влада за самохрани родители?дали е само најавена таа мерка и каде може да се провери на кого му следува?на kupuvam domasno не е ...
Имам гостинка која сакам да ја прошетам на некои интересни места низ Скопје, ама времево ми ги расипа повеќето планови. Дајте ми идеја за интересно место (по можност затворено) само да не е мол. Доаѓаат во предвид и кафичи/ ресторани, места во и надвор од Скопје, музеи, историски места... Патем, работат ли музеите?
@Avery винариите во Демир Капија. Вработените може да раскажат за историјата и плус тура околу и во винаријата има. Клисурата исто е преубава. Кавадарци на Тиквешко езеро, Михајлово мислам дека има ресторан, Моклиште, паркот во Кавадарци (спомен костурницата). Вруток, Крушево, Берово, Галичник - имаш ресторани, плус и природа. Едит: етно селата ги заборавив
Моментално не сум во Мк, овде каде што сум, од кога почна корона па до сега имав изнакупувано 300 раб претежно гардероба 3 кеси големи од прилика се, до сега не сум патувала вака, па ме интересира дали може да ми направат некој проблем на граница при влез во Мк? Лични работи се ама не знам, можеби прашањево е глупаво ама морав некој да прашам