Здрава личност (за себе прашувам) колку јајца неделно смее да изеде? Ја почнав секоја вечер по две да јадам. Па да не претерам. И што може да ми се деси. Бај д веј последен пат кога правев кс имав холестерол испод реф. Вредности Да не рипне па да се чудам
На институт за Физиологија и спортска медицина, можеш да закажеш за спортски преглед. Во склоп на него имаш телесен состав.
Има како еден банкомат во ГТЦ каде што може да се плаќаат сметки. Мислам дека помалце провизија земаат или ич.
Едно прашање, ќе се објаснував за кој како сакам да знам, ама нема врска, ако некој е упатен да ми одговори. Личноста до глава е заглавена со сите можни брзи кредити, никој повеќе не му дава кредит за рефинансирање зошто веќе 100 пати рефинансирал секаде, за кредит од банка му бараат жирант за сумата со која би се извадил т.е би го платил цел долг, жирант е невозможно да најде, има ли надеж некоја или замина веќе во неповрат? Долгот вкупно мислам дека е околу 120 000.
120.000 денари или евра? Ако е денари,тоа би било околу 2000€ и без проблем би требало без жирант да му одобрат кредит. Ако се 120.000€ тешко дека со еден жирант ќе му одобрат кредит. Можеби со ставање на имот под хипотека и плус жирант(и). Од банките даваат кредит со рата во висина од 30-50% од месечната плата, зависи од банка до банка. Тоа со брзите кредити искрено не знам како функционира, дали при проверка во нбрм дали лицето е кредитоспособно (во зависност од тоа дали има и други кредити и висината на нивната месечна рата) излегуваат. Тие се 'легални лихвари', ама навистина не знам дали функционираат како банките.
Денари. Ама затоа што има секаде кредити, во сите брзи кредити, затоа му бараат жирант. Зошто е во ризична група на кредитоспособни луѓе. Без жирант некоја ситна сума што според мене само ќе го заглави уште повеќе, уште рати плус, а ништо нема да може да врати со 30 000 денари пример. Никоја банка (барем кај што е прашано) не дава 2000 евра кредит без жирант баш поради тоа што е задолжен толку. Затоа барав совет, некој начин, жал ми е....