Освен да стави имот под хипотека или негов близок да му подигне кредит за него, да му помогне, друга идеја немам. Извини што не успеав да помогнам.
Ние од скоро плаќаме преку интернет, не само од причина што провизијата во банка е ненормално висока, туку и како начин да се избегне гужва во банка. Си плаќаш преку интернет уредно, ти стигнува потврда на меил и тоа е тоа. На истиот начин плаќаме и вода и интернет/телевизија/телефон така што заштедуваме доста пари и нерви. Топло препорачувам на секого!
Не е точно дека без проблем одобруваат 2000 евра банките, особено не во ваков случај. Одобруваат ако си кредитоспособен, а човекот во овој случај не е. @irrelevant само некој друг да му земе кредит или да земе хипотекарен.
Мене чиста без долг едвај ми дадоа ,бидејки бев на определено и немав кредитна историја бидејќи никогаш не сум зеела кредит
Јас не се изјаснив добро, во право сте. @СуперДевојка затоа реков дека не знам како функционираат и дали тие брзите кредити влегуваат во нбрм и ги вадат при проверка на кредитоспособност. Ако влегуваат, секако дека нема да е кредитоспособен. @Justicija најтежок за одобрување е првиот кредит. После него секој нареден многу полесно и побрзо го одобруваат. А секако дека си во право, не размислив воопшто за вработени на определено или невработени, сигурно не важат истите услови и за нив. Дури во некои банки предност имаат баратели што се вработени во јавна администрација. Или бараат жиранти вработени во јавна администрација.
Каде да побарам високи свеќи во ваква форма (и по можност во некои убави бои)? Само на Џамбо ми текнува, ама таму немам видено вакви.
Дали некој точно може да ми каже во која аптека низ Ск. можам да купам црна КN95? Во Зегин демек имаат ама неколку пати до сега кога прашувам потрошени им се.
Во штедилница му одобрија кредит во висина на цел долг со брзите кредити со услов тие секаде да ги затворат, што според мене е подобро него да ги земе парите и сам да го прави тоа, гарант ќе летнат и дали 20 посто ќе плати.
Не би знаела каде има, но скоро гледав видео како можеш сам да направиш. Обична свеќа ја ставаш 10 мин во млака-топла вода да омекне, и со сукало ја поминуваш на средината да се сплеска, и потоа само со рака ги вртиш краевите. Многу лесно ми се виде. Сигурно има и некое видео поконкретно како се прави, доколку си заинтересирана.
Беше најавено негде пред десетина дена дека од 10 ноември се отвора границата со Србија.. Да не сте слушнале нешто за тоа, дали стварно ќе ги отворат или се шпекулации?
Јас и уште една другарка сакаме на другарка да и купиме тренерки за роденден, е сега проб е што не знаеме кој бр носи, баш случајно пред некој ден зборевме нешто за кг и ми рече имала 50кг, кој број одговара на таа килажа?
До сега немаше никакво известување дека се повлекува одлуката. Претпоставувам дека ќе стапи на сила на 10ти.