Да. Или одиш во ads manager па одбираш пост или од почетна на boost this post, promote. Потоа бираш публика, денови, цена, внесуваш картичка и чекаш да ти ја одобрат. Се наплаќа откако ќе заврши рекламата.
Јас бев во сетек и во нептун, немаат ништо од поефитините на лагер, ако во меѓувреме не им стигнало роба. Инаку иста цена се ко на страниците што им се.
@Lollipop_123 500 евра "најевтин" буквално во повеќе градови се јавував, а реална цена му е негде 300 евра (во која и тука имаат профит) и се губат тро со тие 500 евра. Позлатен да им е не им го земам.
Дали некој знае дали можам да платам со уплатница во банка во која немам сметка ? Дека некој ми спомна дека тоа било можно само во ТТК, а за другиве банки требало да имаш сметка таму за да извршиш уплата ? Плаќал ли некој вака во скоро време ?
Може. Јас во комерцијална сум плаќала така. Само како коминтет ме отворија. Пополнив еден формулар за лични податоци ама не отворав сметка.
Можеби прашањето не ми е за тука но ќе добијам побрзи одговори .. да ми предложите некоја убава идеја за мм што да му купам за новава?
Здраво, дали некој знае како да се пријавам на овој конкурсот за во полиција. Има објавено оглас за прием на 600 полицајци. Ако некој бил на ланскиот конкурс нека ми пише ЛП. Ако некој има искуство нека ми пише ЛП. Прочитав на нет дека се правеле некои тестови, веројатно за интелигенција. Дали има физичка активност во конкурсот? Како се одвиваат работите? Фала и поздрав
има ли некој што порачувал од алибаба сакам да порачувам па дали има некој што порачал па дали му има стигнато
Здраво женски. Ме интересира која е цената на оваа чаша со двоен ѕид и на слагалицата со 1000 парчиња во џамбото, доколу знаете.
Феминки да не знаете некоја фирма што печатира на пенкало и запалки, ама по едно, и да праќаат по карго и како се викаат овие,
Здраво, дали некој сега во брзо време има вадено сертификати за познавање на англиски јазик и компјутери, каде и која цена чинат отприлика, и секако да се признаени. Конкретно ми требаат за вработување.