Од 120 ден па нагоре. Ти пратија и ценовник. Јас во градски парк и на плоштад ги пробав пред 2 месеца, добри се. Само што едниот пат не го дојадов, многу благо беше, додека другиот пат земав со помалку благо и ок беше.
Мора да бараат лична карта поради тоа што има и фалсификувани пари и мора да евидентираат кој ги дал, без разлика дали се упаќа или само се раситнуваат, во сите банки е така, не е до тоа што се вработуваат преку врски и се неписмени.
Па лесно се препознаваат фалсификувани пари. Особено во банка треба да знаат. А како не прават никаков проблем за раситнување во продавница кога имаат ситно, па сакаат да ти завршат услуга.
Дали некој има вратено гардероба во New yorker, а да му вратиле пари? Знам дека може да се замени, ама ме интересира дали враќаат пари. Знам дека според закон мора да вратат ама има такви продавници каде не враќаат.
Ликер на база на тревки. Има густина и силен вкус и мирис. Колку што знам комбинација од 30-40 тревки е така нешто. Слично мириса на херба бомбони ако имаш пробано. Можеш да го пиеш така или со коцки мраз. Можеш да додадеш резне портокал за свежина.
Па не се познаваат секогаш. Посебно кај девизите какви добри фалсификати има. Во врска со членката може и изгледала сомнително или пак им станала досадна оти постојано доаѓала само за тоа. Банките не се државни и тие работат врз основа на тоа колку продукти (штедни сметки/кредити) ќе продадат, па во голем дел тие што се на шалтер имаа некаков таргет кој треба да го исполнат. Од менувањето пари тие не добиваат ништо освен што ти прават тебе услуга. Или може била пред затварање на смената па веќе си ги пребројала парите по апоени, па не и се правеле промени. Како и да е има право да бара лична карта.