Не по нивна вина, погрешен производ им стигна за мене. Не беше до толку голема грешка, превид во фабрика. Ми дадоа огромен попуст на веќе постоечкиот попуст, се утепаа од извинување. Неколку пати нарачувам, до сега испаднале ретко чесни и фер.
Дури незгодно да ти падне. Што викаш ретко да наидеш вака на фер и чесни онлајн продавници. Јас и од fashionguru.women имам нарачано блузичка и палтенце/сако ептен сум задоволна.
И во живо се убави работите како на сликата? Вчера го отворив профилов, не знам што попрво да нарачам
До сега се' што ми стигнало е така Само на пример, ако нарачуваш декоративен покривач (не постелнина) рачунај дека навлаките за перници за него може и да не се најмеки и најпријатни пошто се декоративни. Не мора да значи, јас се изненадив кога за еден прекривач и навлаките беа сосема добри за спиење А овие што им се за мали перничиња, барем тие 8 комплет што се, навистина се премеки и преубави. Сега последно земав сатенска постелнина исто, одличен квалитет
Некој да постира линк од хрватската група за бебе рецепти- водич во исхраната? Никако бе можам да ги најдам на фб.. Можеби е затворена група.. Ајде ако ги следи некој нека прати линкче
Девојки кажете ми кој путер од кикирики е убав? Порано татко ми купуваше еден убав беше, ама не памти од каде. Јас сега земав еден од кам и не ми се свиѓа ич, горчи многу.
Ич не сум fan на Виталиа, ама се изненадов од путер од кикирики, многу ми се допаѓа, има потечна текстура и 100% кикирики е. Ако сакаш со потврда текстура, имаш во сите поголеми маркети по фрижидерите кај млечни и сувомеснати производи, странски путери се, ама да знаеш имаат палмина маст и шеќер.
Знам дека има во сите маркети,но не знам кој е убав, сакам поблаг да биде, не да горчи. Може да го пробам овој од Виталиа.
Не сум го пробала. Но, затоа што редовно си го правам сама дома, можам да кажам колку потечен толку повеќе масло има во него. Затоа не верувам дека е 100% кикиритки. Искрено го чекам денот кога ќе имаме иституција која ќе ја проверува декларацијата/составот со она што е во пакувањето.
Не смее да се вози, но ако одлучиш да возиш на ризик, тогаш чисто информативно да знаеш до 30 дена од истекот на регистрацијата глобата е 100 евра, над 30 дена глобата е 500 евра.