Јас имам сменето течна пудра, прво бев во друга дм продавница, но ми рекоа да се вратам од каде што сум ја купила. Со фискална и жиг дека е не отворена, ми дозволија да ја заменам.
Имате следено пратки на страната на мк пошта? Не ми отвора. Воопшто не функционира страната. Дури ни контакт број не можам да видам. Ако имате некој друг линк, ве молам пишете.
Здраво, дали некој знае за M banking на Стопанска банка, дали може преку апликацијата да се деактивира токенот или мора лично да се оди во банка да се направи тоа? И уште едно прашање, дали доколку не направам 10 трансакции откако го активирав токенот ќе мора да платам нешто? Прашував и во банка, и на телефон и сите три вработени различно ми кажуваат па ако некој знае, стварно ќе ви сум многу благодарна
Јас кога земав токен ми кажаа дека се плаќа ако не направиш 10 трансакции ама тоа само првата година, односно во првите 6 месеци. Не ми спомнаа ништо за следните години,а ми немаат ниту повлечено дополнително од сметка.
Се плаќаше, колку не знам. Префрли на некој близок 10 пати по 1 денар. Или па, од сметка една на друга сметка. Јас така направив. Не плаќам ништо, а го имам 10ина години сигурно.
Дали некој од вас има пиено линцура и дали ви помогнала за некој здравствен проблем? (не бев сигурна каде да го поставам прашањево па ајде тука)
Даали можам преку е-банкарство на НЛБ да извршам пренос на средства од мојата на сметката на сопругот? Или мора во банка да одам?
Можеш и преку апликацијата, јас плаќам преку неа, т.е префрлам пари од сметка на сметка. Имаш опција да одбереш каков пакет сакаш, три имаше, првиот беше само да имаш увид во сметката, вториот со плаќање, третиот имаше нешто плус, јас вториот го имам, се плаќа 70 денари месечно.
За деактивирање не верувам дека може преку апликацијата, али за токенот треба да направи 10 трансакции во рок од 6 месеци за дљ ти биде бесплатен. Јас направив 7 и ми наплатија 300 ден, прашав во контакт центарот ми рекоа дека не се наплаќа повторно чим веќе еднаш е наплатено.
Препорака за мајстор / сервисер кој што работи со прочистувачи на воздух /јонизатори? Не ми е купен од Мк и не би знаела кај да го однесам...
Дечки, другарка од Србија сака да дојде во Мк викендов, е сега знам дека ние кај нив мора со тест да влеземе а они кај нас мора ли да имаат негативен тест или не? Каде да прашам сигурно да ми кажат не знам, ако знае некој од вас, пишете, фала ви однапред