Се договоривме од први да ме пријави и ќе потпишувам месец за месец договор. Е сега дали треба јас нешто да направам да се пријавам негде како идат тие работи?
Ако ти е прво вработување, прво ти ќе треба да одиш во АВРМ да се пријавиш како активен барател на работа. А потоа работодавецот треба да оди во АВРМ да те пријави. Ако веќе фигурираш во евиденција на АВРМ, тогаш не треба ти ништо да правиш. Туку работодавецот е тој кој има обврска да оди и да те пријави во АВРМ.
Оригинал диплома од средно или ако имаш завршено факултет тогаш Уверение за дипломиран студент и Диплома од факултет на увид (ќе ти ги вратат) и лична карта исто само на увид.
Здраво, знае ли некој каде можам да најдам течен хлорофил, или капки за да се раствора во вода? Има ли некој сретнато?