Ги гледав, малце соленка ми е цената. Ако не најдам нешто добро поевтинко, од таму планирав да земам. Гледав во Карес исто имаат некои. Некој искуство?
Пиши на фб Kriterium Music имаш доста голем избор на половни пијанина во одлична состојба. На секој има и цена.
Дали има и во Србија т.е фемина или слично? Femina.MK а во Србија не гледам да имат таква страница,ако знае некој нека ми каже
Дали на државно (со упат од матичен) може да се провери ниво на витамин Д? Ако не, која лабораторија би била најдобра/најекономична?
Ако не си отишла досега, да, таму е, нема потреба од најава, само ќе си земеш бројче од апартчето што е на пултот.
На 28ми април се пријавив во агенцијата за вработување, сега неколку дена не бев во Скопје, па го пропуштив рокот на еден месец што треба. Дали ќе е проблем сега да се пријавам? А од утре треба да ме пријават од работа.
Зависи дали сакаш акустично пиано или електрично. Акустични има се продаваат на пазар3 и како што ти пишала членката во криетриум мјузик, но мора пред да го купиш да видиш во каква состојба е, бидејки од надвор може дрвото да е зачувано да изгледа одлично, но внатре жиците да се во лоша состојба и да е јадено од молци, тоа најдобро штимер да го види и да ти каже. Цената им е од 900 евра нагоре. Ако сакаш електрично тогаш имаш голем избор. Зависно од буџетот може да ти предложат и различен модел (мислам на марка дали korg, Yamaha...) и различни перформанси зависи и за што ти треба имаш од 400 евра нагоре.
Избришана си од систем. Еден ден не смееш да закасниш. Сега една година не можеш да се пријавиш, треба да чекаш. Е сега бидејќи треба од утре да те пријават од работа, можеби постои некоја отстапка. Треба да си прашаш.
Прашај на работа најубаво. Јас исто ко тебе имав задоцнето баш пред да се вработам (ама така бајаги неколку месеци задоцнето) и претпоставував дека ме имаат избришано. Кога ме примија на работа им кажав за истово и ги прашав дали ќе биде проблем, ми рекоа дека немало врска, битно било барем еднаш да си бил пријавен и да си влегол во систем, така да ме пријавија без проблем. Ама ова беше пред некои 5-6 години, дали е сменето сега не знам.
Ако им е вака цел систем тогаш се лудаци. Логично ми е да те бришат и да не ,,уживаш” право да те имаат во систем за потенцијална работа што си се пријавил како редовно да бараш.
Можеби звучи чудно, ама до сега немам праќано ништо по пошта. Дали доставува нашата пошта до Германија и ако да, за колку време отприлика?
Да доставува, ама се чека прилично долго одприлика месец. За пакет или писмо ти е? Има доста превозници по кои можеш да пратиш нешто ако ти е за побрзо
Носат и шофери, знам за такси уникат од Кочани мислам 20 евра чини пратка до местото каде што сакаш, ама јас немам праќано до сега. Прашај темите македонци во германија или мајки во Германија, сигурно има некој што праќал и подобро ќе ти објасни