Полагам за возачка и имам ненормална трема, веќе 1 пат паднав сега утре полагам повторно. Ве молам кажете ми што да се напијам за смирување мислам дека срцето ќе ми излета кога ќе влезам во кола цела се тресам Досега не сум земала никакви апчиња за смирување..
Прво, смири се. Нема од што да се плачиш. Сите сме луѓе, исти, грешници, еднакви пред Бога. И комисијата исто така полагала некогаш за кола, не се родила како професионален шофер. Второ, штом си стигнала до полагање за возачка, значи дека од автошколата ќе си одеш со ЗЕМЕНА ВОЗАЧКА. Еден ден тоа и ќе се случи. А, кога? Тоа сам Бог знае. Трето, остави работите сами да си течат спонтано. Значи, ќе си седнеш, ќе си извозиш, баш те брига, кулирај си. Беше еднаш и виде како е. Нема нешто што сега не знаеш. Така да, опуштено. Тремата била за првиот пат. Па,, сега имаш искуство! И уште нешто. И да положеш и да не положеш, на крај тоа е се дел од твојот пат по кој што мораш да изодиш за да стигнеш до целта. И тоа не е ништо страшно. Тргни со добра мисла, комисијата е вој пријател. И тие се луѓе со фамилија, мајки татковци деца. И тие самите се нечие дете. Луѓе од крв и месо. Луѓе кои пак, од своја страна си имаат други проблеми по кои животот ги однел. Знај дека баш ти имаш прилика да полагаш и да станеш шофер, а многу луѓе и не можат да си го дозволат сето тоа. Од финансиски или од икс други причини. Ти имаш прилика! Уживај во секоја една минута од возењето. Немој да очајуваш. Но, имај на ум дека шансите се 50/50. Надевај се на најдоброто, очекувај го најлошото. За да не се разочараш. А и да паднеш, наредна прилика не ти бега. Ти ја пуштам цела среќа и ти посакувам успех од срце п.с. Не ти препорачувам никакви апчиња, нити било што друго. Опушти се наспиј се доволно, релаксирај се, пушти музика, заборави малку на сето тоа, не живеј 24/7 во истиот проблем.
Дали некој знае какво уверение за неосудуваност се бара за вработување? Во судот ми рекоја дека постојат 3 вида: кривично, прекршочно и дејност и должност..
Последниов период размислувам многу за доброволен пензиски фонд, читам на нет, но немам личност во околината со вакво искуство од која би можела да добијам подетални информации од прва рака за се' околу ова. Каде, што, како- не знам од каде да почнам. Ако има некој што веќе има искуство со нешто вакво или работи со ова, би сакала да ми каже во кратки црти овде или по лп дали се исплаќа, на што треба да се внимава при изборот итн итн.