Би сакал да прашам: дали има бутици, кафулиња, кои бараат за работа луѓе за по неколку саати, неколку дена во неделата? Мислам Ваикики и Котон имале така. Каде можам да најдам такви прилики?
Зара, Бершка, Страдивариус и сите од тој тип примаат на пола работно време. Ќе одиш ќе прашуваш, ќе оставаш ЦВ, сигурно нема од дома некој да те викне.
Сакам да прашам бидејќи немам искуство со онлајн купување од странство. Сакам да купам еден производ од Кина (Не од Алиекспрес и сл.) и сега за начинот на плаќање, ми спомнаа Пејпал или ТТ (Telegraphic Transfer, колку што прочитав на Гугл), но и ме прашаа секако кои системи и начини на плаќање ги имаме од тука, за да дојдеме до компромис, бидејќи прочитав дека кај нас Пејпал не е баш функционален. Па да прашам кој најдобро знае и е упатен, ако може да ми одговори. Однапред благодарам
@СуперДевојка Ти благодарам многу. Инаку што е потребно да се креира Пејпал и дали и колку би земало провизија? Доколку знаеш секао0, однапред благодарам на одговорот
Креираш акаунт со име презиме е-маил и со трансакциска сметка т.е. платежна картичка, тој ти дава податоци и му плаќаш. Јас имам плаќано суми до 5-6000 ден и не зема провизија. За повеќе не знам.
Во продавница можеш да ги замениш за поголем/помал број, инаку не, можеш само да ги вратиш, а парите ќе ти ги вратат на сметка.
Сега скоро вадев исто. Се оди до Основен Кривичен Суд во градот во кој живееш. Носи си копија од лична карта, треба по една копија за секоја молба, така да ако ти треба потврда за неосудуваност (Потврда за казнена евиденција) и дека нема обвинителен акт против тебе (Уверение за кривична евиденција) ќе ти требаат 2 копии од лична карта. Таму на шалтер бараш и пополнуваш молба, ја даваш заедно со копијата од лк и плаќаш мислам 360 денари (може со картица). За два дена одиш да ги подигнеш и тоа е тоа.
Fala ti golemo za detalite ,ova go barav , sega barem ke znam sho da ocekuvam i sho da nosam. Fala golemo