И јас имав зостер на колкот, после ми се пренесе и на другиот. Како, не знам. Внимавај, знае да трае долго процесот на лечење. Побарај мислење од доктор побрзо
Здраво девојки. Бидејќи овде ми е најактивна темава за секаков вид прашања би прашала: Дали доколку има професорка или лектор по македонски јазик може да ја консултирам на кратко? Бидејќи тоа и студирам ми треба мала помош.
Има во Рамстор Центар спроти Окаиди штанд со играчки Стори Бокс има и кит малку се поскапи.Провери и во Џамбо и во дуќани за играчки Андреј Компани,Атлантик,Анаконда,Галакси Тој.
Андреј Компани е во новата зграда спроти Железничка Станица.Галакси Тојс има во Автокоманда кај бензиската зад војната зграда има и во Бутел.Атлантик имаш на Бит Пазар спроти Полициска станица и Маџари,Анаконда има на Пластичарска.Анаконда друг дуќан има на Партизанска.Џамбо продавницата е во Веро Центар.Провери и во Локо Кроко Бутел,Илинден,Ѓорче Петров која ти е поблиску не знам.Има играчки и во Просветно дело и во Ист Гејт Мал Литература.
И јас да прашам.. може на пример да го скриеш статусот само за одреден пријател, а не за сите? А без да е блокнат?
Гледам од еден пријател на фб кај мене не се појавува активност, а кај еден друг наш ззаеднички пријател стои.
Оваа е таа опција. Ко шо гледаш не пишува Трајанка да гледа, Митра да не гледа. Прашај го пријателот како и зошто скрил од тебе.
Мајка ми имаше на грбот и на стомакот од голем стрес и може да се појави и од пад на имунитетот. Штом знаеш дека е зостер херпес сигурно си бил на лекар и ти препишале апчиња и мали тубички крема за мачкање. Мајка ми имаше болки, ама ќе издржиш. Нејзината матична и кажа да не се тушира додека не се повлече зостер херпесот. Не знам дали сите доктори истото го препорачуваат. Пиј и повеќе витамини.
Девојки дали некоја знае дали постои било каква шанса да се вратат фајлови на телефон? Имав доста важни документи, шеф книги и слично во Downloads филтер на телефон. Ама менував матична и се ми е изгубено. Успеав телефон од сликите и видеата да вратам преку онаа апликација Google photos,ама како да вратам pdf, doc фајлови?? @Billy Idol , @Компир Манџа мислам дека вие се разбирате од технологија