Едно можеби глупо прашање ама ме интересира што мислите. Цела недела кога ѕвонам кај блиска личност, пред да заѕвони чекам 6 или 7 секунди максимум за да се воспостави контакт па да заѕвони. Никогаш до сега не се случувало тоа. Плус не крева слушалка. Вртев од мојот број на неколку луѓе за да видам дали е до мојот телефон проблемот ама одма ѕвони кај другиве. Значи не е до мојот телефон или сигнал проблемот! Дали е можно да е во прашање сигналот на телефонот на таа особа? Ако се наоѓа на место каде што има слаб сигнал, височина некоја не знам, ван "населено место" дали е можно заради тоа да чекам толку многу секунди за да заѕвони?? Не разбирам што е проблемот зашо чекам толку многу за да се воспостави контакт и да заѕвони.!? Мислење?
Веројатно е на место со слаб сигнал или да не се прислушкува телефонот па толку време треба за да ѕвони, не знам дали има врска тоа некаква. Очигледно нешто се случува
Ве молам за помош, во недела ќе ми доаѓаат гости, а јас ништо велигденско немам Ич не сум домакинка годинава… Каде можам утре да купам убави велигденски украси? Бев во Џамбо, ама ништо не ми се допадна, не ни имаа избор…
Шијакоска денес на инста стори имаше споделено украси и означено кој од каде е. Види можда нешто ќе ти се допадне.
Ако не е глупо прашањево Низ интернет има огласи за call operator amazon и често го среќавам, спам е?
Женски, ми треба помош. Имам купено онлајн карта на страната на wizzair да патувам со авион од скопје до дортмунд во вторник утрото. Прв пат патувам и не знам каде ми е картата да ја испечатам. На меил ми стигна порака „Автоматското пријавување“ е завршено: картите за влегување во авионот се прикачени,
Девојки, кажете ми страна на интернет (обично на фб) што изработуваат карикатури од ваши фотографии... Исто така ако знаете некоја страна кадешто изработуваат шолји-филџан со 3Д арт... ми има излезено како полицајка фигура на шолја со персонализирано име...