На веб сајтот на УЈП може да видиш ЕМБС на фирмата во делот пребарај (лево на екранот), а после со тој ЕМБС може лично да извадиш тековна состојба од Централен регистар односно да провериш и други податоци во врска со фирмата, овие податоци се јавно достапни само се плаќа соодветната административна такса во Централен регистар, или ако не ти се трча и чека по шалтери овласти адвокат да провери место тебе
Доколку има некој што е офицер/офицерка/подофицер во АРМ нека ми де обрати безразлика во која касарна е
Малце е глупо прашањево ама ајдее. Некој што се разбира во роднински врски. Што ми се паѓа на мене братучед на татко ми? Чичко или вујко?? И неговата жена на мене што ми доаѓа?
Во еден сокак до мене каде што секој ден поминувам, с е к о ј п а т, слушам гласно цимолење и лаење (ама не агресивно лаење) на возрасно куче од една куќа, од дворот ама во како од железо направена куќичка е. Го немам видено кучето ама и сабајле и навечер се слуша. Еднаш кога поминував навечер ептен жално звучеше, ко да го тепаа во тој момент, дури и подзастанав, мислев дали да видам што се дешава. Сабајлево исто и така секојпат кога поминувам. Дали би можела јас ова да пријавам и каде? Јас сум сигурна дека нешто го малтретираат, не е нормално ова. Не знам како блиските соседи не реагирале до сега.
Најубави торти во Скопје каде може да најдам? Зафир е познато и го фалат, освен тоа или некое други место?
Здраво . Сакам да прашам за подобрување на квалитетот на мобилната мрежа на телеком . Кај мене стигна обавестување дека на 13 мај ќе има некакви прекини па прашањето ми е дали тој ден ако некој ми ѕвони или проба да ми пише sms нема да успее да стигне тоа ? За тој ден имам закажано многу важен состанок и затоа ме интересира фала .
Знаеш ли до каде доставуваат бесплатно Шарлота? Мислам пишува дека има достава, ама да не е само во Центар..
@нина122 Јас лично не сум порачувала,но на страната пишува дека вршат достава во:Центар, Аеродром, Карпош, Ченто, Автокоманда, Железара, Маџари, Стајковци, Инџиково, Хиподром, Трубарево, Гоце Делчев, Јурумлери, Ѓорче Петров (Ѓорче Петров, Ново Село, Волково, Чаир, Бутел 1, Бутел 2, Радишани, Визбегово, Кисела Вода (Кисела Вода, Драчево, Пинтија, Илинден, Марино, Кадино
Дали имате искуство со сервисот на Агротехна? Јавено на 15 ти за сервис на машина која е сеуште под гаранција уште ги нема се јавувам госпоѓата вика неможел да постигне зар само еден е на реон на Скопје?
1 пакување Тонус леб колку кришки има? И за 2 дена барем има ли? Не верувам дека едно пакување може да се изеде за еден ден
Да ти кажам и јас истото го имам слушано на исто место често но никој ништо не презема... си викав да не ми се причинува